Оригинален рецепт за вафли (ВИДЕО)

Скриншот: Јутјуб
1.924

Доколку сакате вафли, тогаш ви предлагаме да го пробате совршениот рецепт за едно од највкусните колачи.

Двете европски земји кои се можеби најодговорни за еволуцијата на вафлите какви што ги знаеме денес се Белгија и Холандија. Холандските вафли пристигнале во Америка во 1620 година и тогаш почнуваат да се преливаат со јаворов сируп, а денес можете да ги подготвите со овошни филови, чоколадни филови, итн…

Доколку сакате сладок појадок, послужете вафли, а кај нас овие слатки печива се познати и како бабини колачи или галети. Секако, треба да си набавите и од оние специјални апарати за правење вафли кои, за среќа, не се скапи.

Состојки:
1 чаша брашно
1/2 лажица прашок за пециво
2 лажици шеќер
1/4 лажичка сол
1 јајце
1/4 чаша масло (уште подобро е ако ставите растопен путер)
1 чаша млеко
1/2 лажичка екстракт од ванила

Приготвување:
Во сад се мати јајцето, па се додаваат шеќерот, маслото, млекото и ванилата. Добро измешајте, па во садот додајте просеано брашно со прашок за пециво и лажичка сол. Соединете ја смесата за вафли, а потоа подмачкајте го апаратот и истурете од смесата. Печете додека не се потроши цека количина.