Ова е најздравата билка на светот! Го зајакнува имунитетот, штити од рак, вируси и бактерии, а можете да ја имате и во вашиот двор

Фото: Pixabay
405

Аронијата се одгледува лесно бидејќи нема природни непријатели, штетници, кои би ги нападнале нејзините лисја и плодови. Затоа никогаш не се прска со никакви хемикалии, туку расте сосема природно и еколошки. Плодовите доаѓаат кон крајот на летото

Малите, темно сини бобинки од аронија се најздравата храна во светот. Релативно непозната до пред неколку години, оваа била почна сè повеќе да се одгледува и кај нас. Нејзината потрошувачка е зголемена низ целиот свет по откривањето на бројните, неверојатни здравствени придобивки. Аронијата има антиканцерогено и антиоксидантно дејство врз човечкото тело, полна е со железо, витамини и минерали, а само мала количина дневно е доволна за подобрување на здравјето. Во продолжение дознајте зошто аронијата е најздравото растение во светот!

Што е аронија, каде расте и како се одгледува?
Аронијата е повеќегодишна листопадна грмушка родена во Северна Америка, а нејзините плодови се темно сини бобинки кои наликуваат на боровинки. За разлика од слатките боровинки, тие имаат опор и кисел вкус, па најчесто се консумираат во вид на сок, чај, џем или сируп. Лесно се одгледува бидејќи нема природни непријатели, како штетници, кои би ги нападнале нејзините лисја и плодови. Затоа никогаш не се прска со никакви хемикалии, туку расте сосема природно и еколошки и е отпорна на студ и на мраз. Плодовите доаѓаат кон крајот на летото, односно, на крајот на август и на почетокот на септември, а бобинките можат да останат на грмушката до два месеци. Значи, допрва не очекуваат годинешните свежи бобинки на аронијата, а дотогаш, можете да најдете и замрзнати.

Како ова растение се рашири низ светот и од каде потекнува?
Растението потекнува од Канада, а неговите лековити својства се откриени во седумдесеттите години на минатиот век. Како вредна храна и лековито растение, одамна е познато кај американските Индијанци кои мелеле суви бобинки од аронија и ги додавале во своите оброци. Свежото овошје се користело за стомачни проблеми, настинки и грип, а од листовите се правел окрепувачки чај. Не е чудно што е откриена токму во Канада, бидејќи аронијата најдобро расте во региони каде што зимите се долги и студени, а летата се благи. Затоа набрзо почнала да се одгледува во Шведска, Финска и Русија, а подоцна и во целиот свет.

Зошто е добра за здравјето на човекот и како треба да се консумира?
Аронијата има многу лековити својства. Го чисти човечкото тело од штетни материи и е корисна превенција против полесни и потешки заболувања. Истражувањата покажаа дека има и антиканцерогени својства бидејќи ги штити здравите клетки, го забавува стареењето на телото и го спречува развојот на хронични болести. Често се конзумира и кога болеста веќе се појавила бидејќи може да ги олесни симптомите и да помогне во борбата против истата. Според некои приказни, по нуклеарната катастрофа во Чернобил, бобинки од аронија биле користени за ублажување на здравствените проблеми на озрачените луѓе!

Докажано е дека го подобрува имунитетот, го намалува воспалението, ја штити кожата и очите…
Докажано е дека аронијата го подига целокупниот имунитет на организмот. Го намалува воспалението и го спречува развојот на бактериски и вирусни инфекции, ги ублажува мигрените и главоболките, одлично делува на циркулацијата, цревната слузница и желудникот. Содржи големи количества бета каротен кој ја штити кожата и очите, а ја регулира работата на панкреасот и нивото на шеќер во крвта, па затоа се препорачува и за дијабетичари.

Напомена: Ако имате двор, можете да си ја насадите. Првата берба може да ја очекувате за две до три години, а со соодветна грижа по 9 години можете да сметате на 15 килограми овошје годишно од само една билка.