Ова супер овошје е најсилниот антиоксидант: Ја стимулира работата на цревата, тироидната жлезда и црниот дроб, се бори против ракот, ја намалува тежината

Фото: Pixabay
924

Аронијата е четири до шест пати побогата со антиоксиданти од брусницата и другите бобинки и други овошја. Ја нарекуваат суперхрана и сибирска боровинка, а го носи и епитетот храна на иднината.

Аронијата дури неодамна се здоби со популарносткај нас, а нејзините лековити својства се добро познати уште од многу одамна.

Аронијата е растение чии мали темни бобинки се полни со хранливи материи и антиоксиданти како што се витамин Ц и антоцијанин и нуди мноштво придобивки за оние кои сакаат да го подобрат своето здравје и исхрана.

Свежите плодови од аронија имаат најголем антиоксидативен капацитет меѓу сите бобинки и други овошја.

Аронијата е четири до шест пати побогата со антиоксиданти од брусницата и другите бобинки и други овошја. Ја нарекуваат суперхрана и сибирска боровинка, а го носи и епитетот храна на иднината.

Го стимулира функционирањето на тироидната жлезда, па затоа особено се препорачува за лица со хипотироидизам. Спречува појава на кардиоваскуларни болести, го намалува високиот крвен притисок и холестеролот и го поттикнува формирањето на добар холестерол.

Аронијата ја подобрува и работата на црниот дроб, помага при камења во жолчката и воспаление на жолчното кесе. Ги смирува грчевите и болките во цревата, го намалува воспалението на цревната слузница и ја запира дијареата. Аронијата е корисна и при воспаление на уринарниот тракт.

Истражувањата покажуваат дека аронијата има антиканцерогено дејство бидејќи уништува голем процент од малигните туморски клетки на мозокот, белите дробови, дојката, дебелото црево и црниот дроб.

Темните бобинки од аронија содржат голема количина на каротин, кој спречува оштетување на очите и можност за катаракта. Аронијата е богата и со флавоноиди, како лутеин и зеаксантин, кои го спречуваат честото воспаление на очите (увеитис).

Аронијата помага во регулирање на телесната тежина. Го спречува создавањето на вишок маснотии околу стомакот, што е проблем со кој многу луѓе се соочуваат редовно. Аронијата има низок процент на калории и масти, а содржи диетални влакна, што ја прави едно од најздравите овошја. Доколку сакате да бидете сити, полни со енергија и сила, а притоа да се грижите за вашето здравје, се препорачува редовно консумирање на аронија.

Ако редовно имате аронија во исхраната, бидете сигурни дека настинките и грипот ќе ве заобиколат во широк круг. Освен што се бори против бактериите и вирусите, аронијата го зајакнува и имунолошкиот систем.

Индијците традиционално ја користеле за лекување на настинки, а неодамнешните истражувања ги потврдуваат нејзините антивирусни својства и високата содржина на витамин Ц. Група научници од Бугарија откриле дека аронијата има антивирусни и антибактериски својства.

Доколку сакате да лекувате воспаленија или вирусни инфекции, се препорачува да користите сушени бобинки или сок од аронија.