Оваа храна е отровна во преголеми дози! Намирници што можат да го оштетат црниот дроб, да доведат до халуцинации, срцеви аритмии

Фото: Pixabay
810

Не е пресудна само количината, туку и несоодветната подготовка може негативно да влијае на нашиот организам

Има намирници кои би можеле да ги јадеме секој ден и во големи количини.

Сепак, има и такви кои во претерано високи дози можат да му наштетат на нашето здравје или, во најлош случај, да доведат до смрт.

Сол

Премногу сол го зголемува крвниот притисок. Се препорачуваат најмногу шест грама кујнска сол дневно.

Морско оревче

Прстофат е прифатливо, но веќе во дози од пет до 30 грама може да доведе до халуцинации, гадење, повраќање и палпитации на срцето поради миристицинот, кој во црниот дроб се претвора во амфетамин и има стимулирачки ефект.

Цимет

Касија цимет содржи големи количини на кумарин, кој во прекумерни дози може да го оштети црниот дроб и да предизвика рак.

Не треба да јадете повеќе од два грама цимет дневно – освен ако не е цејлонски бидејќи речиси и да не содржи кумарин и затоа е безопасен.

Кафе

Доколку дозата на кофеин е превисока (десет големи шолји), постои ризик од труење со кофеин, а можни се и срцеви аритмии.

До четири шолји кафе на ден е во ред, па дури и позитивно влијае на здравјето.

Компир

Во лушпата од компирот има соланин, кој во доза од 0,5 милиграми на килограм телесна тежина може да предизвика труење.

Затоа, секогаш лупете ги компирите и отстранувајте ги зелените дамки.

Домати

Доматите исто така содржат соланин.

Отстранете ги зелените делови од доматите или почекајте неколку дена целосно да созреат.

Ленено семе

Тоа е многу здраво поради омега-3 масните киселини, но во доза до две лажици дневно.

Повеќе од тоа може да предизвика несакани реакции на соединенијата што се ослободуваат за време на варењето.

Куркума

Куркуминот има антиинфламаторно дејство, но може да го оштети црниот дроб, па затоа не треба да јадете повеќе од три милиграми на килограм телесна тежина дневно, според Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА).