Без оглед на тоа дали претпочитате речна или морска риба или некоја друга морска храна, секој вид се карактеризира со богатство на хранливи материи, витамини, минерали и амино киселини. Сепак, ослиќот е една од најевтините и најздрави варијанти
Покрај тоа што е здрава и вкусна, рибата може да се подготви на многу различни начини, и тоа, лесно и брзо.
Без оглед на тоа дали претпочитате речна или морска риба или некоја друга морска храна, секој вид се карактеризира со богатство на хранливи материи, пред се, витамини, минерали и амино киселини.
Најбарани и најкупувани се крапот и пастрмката. Меѓудругите најкупувани морски риби кои може да се најдат во рибарниците и во поголемите трговски синџири, која е дури и поевтина од првите две, е осличот кој содржи и повеќе протеини и помалку калории од нив.
Осличот има ниска енергетска вредност, па затоа се смета за диетална храна. Сто грама ослиќ содржи 80 проценти вода, 0,85 г масти и 17,2 г протеини. Богат е со витамини Б1 и Б2, калиум, калциум и фосфор. Позитивно влијае на коските и на функцијата на мозокот.
Осличот е најчестата риба на Јадранот, која расте и до еден метар, а може да тежи и до 15 килограми. Кај нас стасува главно од Аргентина.
Има особено меко, посно и вкусно бело месо. Најчесто се пржи на масло или на скара. Се користи и за подготовка на чорби или супи, а е многу вкусен и сушен.
За оние кои имаат проблеми со холестеролот, ослиќ содржи само 0,3 грама масти и е богат со омега-3 масни киселини, кои благотворно делуваат на срцето.