Овесна вода за регулирање на холестеролот и шеќерот во крвта

Фото: Freepik
408

Овесната вода е природен лек за контрола на високите нивоа на ЛДЛ холестерол и за подобрување на здравјето на срцето! Како може овесната вода да го подобри целокупното здравје?

Обичниот овес (Avena sativa) е зрно кое има долга традиција во прехранбената индустрија, но во последно време станува сè попопуларно поради многубројните здравствени придобивки. Овесната вода која често се приготвува од овесни снегулки, стана популарен напиток поради својата хранлива вредност. Овесна вода или вода од овес е напиток кој лесно се прави и ќе му користи на вашето тело на многу начини.

Овесна вода е напиток што се добива такашто овесните снегулки се натопуваат во вода и потоа течноста се процедува. Овој едноставен процес овозможува екстракција на хранливи материи од овесот, вклучувајќи бета-глукани, растворливи влакна кои играат клучна улога во бројните здравствени придобивки.

Овесот и овесната вода се одлични додатоци во исхраната кои нудат разновидни здравствени придобивки. Вклучувањето на оваа житарка во исхраната може да го подобри општото здравје, да го поддржи срцето, да го контролира шеќерот во крвта и да обезбеди чувство на ситост. Овесната вода е вкусен и хранлив напиток кој лесно се подготвува и може да стане редовен дел од здравиот начин на живот.

За што е добра овесната вода?
За овесната вода да има поубав вкус, додадете малку мед, цимет или дури и путер од кикиритки, а за што е добра дознајте во остатокот од текстот…

Регулирање на холестеролот: Бета-глуканите присутни во овесот имаат способност да го намалат нивото на лошиот холестерол (ЛДЛ) во крвта. Овие својства можат да придонесат за намалување на ризикот од срцеви заболувања. Што значи дека овесната вода е природен лек за контрола на високите нивоа на ЛДЛ холестерол и за подобрување на здравјето на срцето!

Контрола на шеќерот во крвта: Овесните влакна играат клучна улога во одржувањето стабилно ниво на шеќер во крвта, а со тоа помагаат да се спречи дијабетес тип 2. Редовното консумирање овес во исхраната доведува до намалување на шеќерот во крвта. Овесната вода е корисен напиток бидејќи помага во регулирање на нивото на шеќер во крвта обезбедувајќи ви стабилен и долготрајен извор на енергија.

Спречете ја остеопорозата: Друга предност на овесната вода е тоа што ни обезбедува добар извор на калциум. Но, калциумот не е единствениот минерал потребен за здрави коски. Овесот содржи и други минерали, како што се цинк, магнезиум и бакар, кои му помагаат на вашето тело да го апсорбира калциумот и да ја зголеми густината на коските.

Овес за подобрување на варењето: Овесните влакна го поддржуваат здравото варење, го спречуваат запекот и го поттикнуваат редовното празнење на дебелото црево. Некои истражувања покажуваат дека јадењето овес може да помогне во растот на пробиотските микроорганизми во дебелото црево.

Намалување на воспалението: Антиоксидантите во овесот помагаат да се намалат воспалителните процеси во телото, што може позитивно да влијае на различни здравствени проблеми. Антиоксиданти добиваме од различни извори, а за среќа, овесната вода може да биде еден од тие извори! Посебен антиоксидант кој се наоѓа во овесот се нарекува авенантрамид и се покажало дека резултира со подобар проток на крв и има антиинфламаторно дејство.

Извор на хранливи материи: Овесната вода обезбедува многу есенцијални хранливи материи како што се витамини, минерали и антиоксиданти, а со тоа го негува целокупното здравје на телото.

Овесна вода за слабеење – како да ја пиете?
Овесните влакна обезбедуваат чувство на ситост, помагаат да се контролира апетитот и го поддржуваат процесот на слабеење.

Овесната вода треба да се пие наутро, пред првиот оброк. Само една чаша од пијалакот ќе ви даде чувство на ситост, што ќе ја поддржи вашата диета за слабеење. Овесната вода исто така ќе ја подобри функцијата на цревата и ќе ги исчисти од насобраните токсини.

Чај од овес
Подготвувањето чај од овес е прилично едноставно…

Потребни состојки:

1 чаша овесни снегулки (најдобри се целите)
4 чаши вода
Мед или друг засладувач по желба
Изборни додатоци (на пр. цимет, ванила)
Овесните снегулки исплакнете ги и ставете ги да се готват. Намалете ја топлината на минимум и варете ги покриени околу 15-20 минути, повремено мешајќи. По варењето, процедете ја течноста за да го одвојте чајот од овесот. По желба додадете мед или друг засладувач.