Најдобрите трикови за тесто – направете ја најубавата форма со помош на кинески стапчиња (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/Инстаграм
2.874

Доколку правите прослава или ви доаѓаат гости и сакате да послужите нешто поинакво и декоративно, тогаш ви го предлагаме наједноставното решение.

Најубавите печива можете да ги направите на најлесен начин. На Инстаграм се појави видео за украсување тесто, што секој може да го направи.

Како да го украсите тестото и да ги направите најубавите печива
Има ли човек кој не сака печива? Без разлика дали сте љубител на слатки или солени, освен што ќе има добар вкус, сакате и да изгледа добро. Кога ќе го замесат тестото, многу луѓе се одлучуваат за кифлички или ролувани печива, бидејќи подготовката на некои форми изгледа комплицирано.

Но, не грижете се, покрај нашите совети за тесто кое секогаш успева, ви носиме и одлични идеи кои ќе ви помогнат да го направите најубавото пециво досега. Доколку правите прослава или ви доаѓаат гости и сакате да послужите нешто поинакво и декоративно, тогаш ви го предлагаме наједноставното решение.

Тестото поделете го на помали делови и формирајте топчиња, па развлечете круг. Потоа исечете по должина и ширина, така што ќе добиете 4 триаголници. Преклопете го секој на половина и наредете ги еден врз друг. Потоа исправете го тестото и притиснете го во средината со кинеско стапче за јадење, па спојте ги краевите.

За да ви биде појасна постапката, погледнете го видеото.