Паста која лекува болки во грлото и крајниците за 4 часа: Рецепт за природен лек од ким

Фото: Pexels
770

Најдовме многу интересен рецепт народен и многу ефикасен рецепт за лекување на воспалено грло и крајници, кој гарантира брзо закрепнување, во поблаги случаи – за само 4 часа.

Нашите претци имале големо искуство во лекувањето на разни болести и знаеле корисни рецепти за нивно лекување. Сите овие рецепти ги пренесувале луѓето од генерација на генерација – а дошле и до нас. Затоа што, пред сè, она што е добро и корисно никогаш не се заборава.

Овде ви предлагаме уште еден народен и многу ефикасен рецепт за лекување на воспалено грло и крајници, кој гарантира брзо закрепнување, во поблаги случаи – за само 4 часа.

Рецепт за пастата:
80 гр мелени семки од ким (ким, обичен ким, лат. Carum carvi) се прелива со 200 мл вода и се варат 15 минути.

Ќе добиете густа, растеглива маса која наликува на талог или паста од кафе.

Се процедува и се додаваат 50 мл вода и се остава повторно да зоврие.

Се трга од оган и се додава 1 лажица коњак (или вињак).

Вашиот лек е подготвен!

Како да го консумирате лекот?
Земајте по 1 лажица на секои 30 минути.

Веќе по 2 часа болката во грлото полека ќе исчезне, а и полесно ќе голтате.

По 4 часа можете да го завршите третманот.

Може да го консумирате и подолго, во потешки случаи.

Овој лек се препорачува на сите кои се поподложни на настинки, често имаат болки во грлото и крајниците.