Пица против комарци!

Фото: Pixabay
233

Канадскиот синџир ресторани „Пица Пица“ ја направи првата пица која ги одбива комарците! Не, во случај да се прашувате, „Buzz Off Pizza“ не е зачинета со инсектициди.

Летото е синоним за одмор, долги седенки и закуски надвор навечер, но според многумина, тоа е и сезона на едно од најиритантните суштества нa светот – комарците.

Тие зујат околу вас и чекаат вистински момент да ви ја исцицаат крвта како Дракула, што резултира со понекогаш доста болен убод.

Но, што ако ви кажеме дека можете да се збогувате со сето тоа и да уживате на мир во пицата?

Секако, за вкусот ќе мора да имате добро истрениран желудник, но тоа се само детали.

Заслугата оди на канадскиот синџир Pizza Pizza за правење на првата пица која ги одбива комарците! Не, во случај да се прашувате, „Buzz Off Pizza“ не е зачинета со инсектициди.

Напротив, совршено е јадлива. Рецептот е, како што рековме претходно, малку силен и вклучува избор на вкусни (иако малку посилни) состојки како лук, домати, чили пиперки и кромид, за кои е познато дека ги одвраќаат комарците.

Идејата, замислена во соработка со агенцијата Zulu Alpha Kilo, дојде во вистинско време, по истражувањето кое откри дека во последните години – ако не сте забележале – овие инсекти стануваат сѐ поупорни.

Ако на прв поглед е јасно дека уживањето во оваа пица бара одредена доза на храброст, сепак тоа е необична маркетинг стратегија која се најде на насловните страници на социјалните мрежи и сигурно ќе изненади и заинтригира некои љубители на храна.

Од пицеријата велат: вкусно е!

Pizza Pizza вели дека верува дека секој заслужува да ужива во својата пица без проблем, особено кога е на одмор, и сака да се погрижи комарците да не ги уништат плановите за викенд со семејството и пријателите.

Адријан Фуоко, потпретседател за маркетинг, објаснил: „Долгите викенди се важни, а Канаѓаните знаат дека касањето на комарците може да ја расипе забавата. „Buzz Off Pizza“ е одличен начин да се осигурате дека сите имаат одличен викенд исполнет со пица…освен комарците“.

Брајан Мареј, главен креативен директор на Zulu Alpha Kilo, вели дека – иако има многу природни производи против комарци – „ниту еден од нив нема толку добар вкус“.