Како да ја „прочитате“ лубеницата без да ја пресечете кората? Пет совети со чија помош ќе ја одберете вистинската

Фото: Freepik
412

Велат дека не може да се суди за книгата по корицата, што е дефинитивно така, но лубеницата, дури и таа со најдебела „корица“, можете да ја „прочитате“ и без да ја пресечете. Само следете ги нашите совети

Ништо не е поосвежително од слатката, сочна лубеница во летните денови. Можеби мислите дека да се одбере добра лубеница е прашање на случајност, но не е така. Всушност, постојат неколку начини за да се забележи совршена лубеница.

Место на лежење
Кога ги гледате лубениците, првото нешто што ќе го забележите се оние чудни бели дамки од едната страна, кои се всушност местото кое лежело на земјата кадешто лубеницата пораснала. Најдобрите лубеници имаат крем-жолти или дури портокалово-жолти дамки.

„Пајажина“
Линиите на лубеницата во облик на пајажина покажуваат колку пати пчелите го допреле цветот. Колку повеќе опрашување, толку послатка е лубеницата.

Машко или женско?
Можеби не сте го знаеле ова, но лубениците имаат пол. Машките лубеници се повисоки и поиздолжени, додека женските лубеници се потркалезни и појаки. Машките лубеници се поводникави, а женските се послатки.

Големина
Нашиот здрав разум ни кажува дека поголемото е подобро. Затоа можеме да мислиме дека треба да ја земеме најголемата лубеница што ќе можеме да ја однесеме дома, но во реалноста, најдобрите лубеници се со просечна големина.

Дршката…
Од лубеницата ја покажува нејзината зрелост. Зелената дршка покажува дека таа била набрана прерано и нема да биде толку вкусна. Одбирајте ги лубениците кои имаат исушени дршки за најдобар вкус.
Не можете да судите за книгата по корицата, но можете да судите за лубеницата по кората.