Пиво и кафеав шеќер: Ефикасен домашен сируп против кашлица
Немојте да се изненадите ако некој ваш близок ви каже дека оди да се „бори против воспаление“ кога оди на пиво – не се шегува, бидејќи благодарение на хмељот што го содржи овој пијалак, тоа е вистина
Сирупот од пиво (се препорачува безалкохолнo пиво) и кафеав шеќер е народен лек кој може да помогне кога не мачи упорна кашлица и шлајм во грлото. Традиционалните рецепти и билните лекови можат да овозможат брзо олеснување и да помогнат во чистењето на дишните патишта, а еден од најпопуларните домашни лекови е сирупот од пиво и кафеав шеќер кој го олеснува искашлувањето, помага за исфрлање на шлајмот и ја смирува кашлицата.
Зошто сирупот се прави од пиво и кафеав шеќер?
Поради својата хранлива вредност, пивото повеќе се смета за храна отколку за пијалак.
Тоа е еден од најстарите пијалаци во светот и било важно во човечката култура илјадници години. Пивото содржи хранливи материи, но сепак треба да внимавате колку чаши ќе испиете, особено кога станува збор за алкохолно пиво.
Немојте да се изненадите ако некој ваш близок ви каже дека оди да се „бори против воспаление“ кога оди на пиво. Има одредена вистина во тоа, велат научниците. Воспалението во телото е основната причина за многу болести, а според студијата објавена во Molecular Nutrition & Food Research, хмељот (суштинска состојка во пивото) има антивоспалителни својства. Истражувачите го споредиле антиинфламаторното дејство на различните видови хмељ и откриле дека консумирањето хмељ во форма на пиво ги попречува соединенијата кои предизвикуваат воспаленија.
Кафеавиот шеќер го зајакнува имунитетот
Кафеавиот шеќер е популарен засладувач направен од шеќерна трска што не е целосно рафинирана. Има побогат вкус од белиот шеќер и често се користи во готвењето. Покрај одличниот вкус, кафеавиот шеќер има и бројни здравствени придобивки. Кафеавиот шеќер содржи есенцијални минерали, вклучувајќи железо, калциум, магнезиум и калиум. Овие минерали се важни за различни функции на телото – одржување на нормален крвен притисок, регулирање на нивото на шеќер во крвта и градење силни коски. Исто така, кафеавиот шеќер може да помогне во зајакнувањето на имунитетот бидејќи железото во овој шеќер помага во производството на црвени крвни зрнца, кои носат кислород низ телото. И ова помага да се одржи имунолошкиот систем силен и да се бори против инфекциите.
Рецепт за сируп за искашлување и против кашлица
За сируп од пиво и кафеав шеќер не ви треба ништо друго освен овие две состојки. Се препорачува тоа да биде безалкохолно пиво, бидејќи научна студија покажала дека количината на алкохол што останува по еден час готвење е обично 25 проценти, но и по два и пол часа готвење остануваат околу пет проценти од алкохолот. Посебно внимавајте ако сирупот го давате на деца.
Приготвување:
Истурете 150 гр кафеав шеќер во големо тенџере.
Загрејте го шеќерот на умерена температура, не смее да биде силен оган за да не изгори шеќерот. Промешајте го шеќерот со жица додека целосно не се раствори и не добие карамел боја.
После тоа, полека ставете 0,5 л пиво (препорачливо е да биде безалкохолно) во растворениот шеќер.
Смесата од пиво и шеќер се вари на тивок оган околу 20 минути, додека не добие конзистентност на сируп, кој е малку потечен од медот.
Тргнете го тенџерето од шпоретот и поклопете го па оставете го сирупот да се излади.
Изладениот сируп истурете го во стаклена тегла и чувајте го во фрижидер.
Сирупот се препорачува да се зема три пати на ден, по една лажица пред појадок, ручек и вечера.