Плескавици од тиква: Рецепт за одличен есенски ручек кој може да се подготви за кратко време

Фото: Freepik
682

Со батернат тиква одлично оди комбинацијата од ѓумбир, цимет, морско оревче, каранфилче, кардамон, црвен пипер и куркума, кои може да се најдат во северноафриканската мешавина ras el hanout.


Батернат тиквата е исклучително флексибилна есенска намирница која може да се користи за приготвување на различни јадења – од супи и чорби до вкусни плескавици како овие.

Бидејќи тиквата има прилично неутрален вкус, може да се комбинира со различни зачини.

Комбинацијата од ѓумбир, цимет, морско оревче, каранфилче, кардамон, црвен пипер и куркума, која може да се најде во северноафриканската мешавина Со батернат тиква одлично оди комбинацијата од ѓумбир, цимет, морско оревче, каранфилче, кардамон, црвен пипер и куркума, кои може да се најдат во северноафриканската мешавина ras el hanout, одлично ќе се комбинира со батернат тиквата. Дајте ѝ допир на сладост мешајќи ја со малку суво грозје.

За овој рецепт најдобро би било тиквата да ја изрендате пред да ја измешате со останатите состојки и да ја испечете во тава.

Состојки:

650 гр рендана тиква
120 гр брашно
40 гр суво грозје
2 лажици ситно сечкан магдонос
1 големо јајце
1 кромид
1 лажичка мешавина од зачинот рас ел ханоут (ако немате, направете го сами)
½ лажичка лук во прав
½ лажичка црвен пипер во прав
сол по желба
растително масло за пржење

Подготовка:
Јајцето изматете го со малку сол и пипер. Измешајте го јајцата со рендана тиква и кромид и исечканото суво грозје.
Во смесата додајте брашно, свеж магдонос, зачини, лук во прав и црвен пипер.

Измешајте ја смесата и оставете ги вкусовите да се спојат најмалку пет минути.
Во поголемо тавче загрејте малку масло и во него испржете ги овие вегетаријански плескавици такашто ќе земате од смесата со лажица и ќе ја пржите од секоја страна по две до четири минути, додека не добие златно кафеава боја.
Послужете ги со малку рендано сирење и малку јогурт или со кој било друг сос по ваш избор.