Покрај тоа што е добра за цревата, комбухата има уште еден ветувачки ефект

Фото: Pexels
110

Црвите кои биле хранети со микроби од комбуха покажале значително намалување на резервите на маснотии

Комбухата е веќе некое време позната како фантастичен сојузник на нашите црева. Сепак, не е познато дали комбухата воопшто може да испорача доволно микрофлора за да го промени составот на човечкиот микробиом на кој било значаен начин. Затоа, и на ова поле, научниците не мируваат со нивните истражувања за тоа како безбедно да го снабдиме нашето тело, особено цревата, со оние добри бактерии кои ќе влијаат на целокупното здравје. Така, една нова студија за цевчестите црви (Caenorhabditis elegans) открила докази дека микробите поврзани со чајот од комбуха можат силно да ги колонизираат животинските црева.

„Црвите кои биле хранети со микроби од комбуха покажале значително намалување на резервите на маснотии кое не било поради намалена апсорпција на хранливи материи“, велат истражувачите од Универзитетот North Carolina Chapel Hill, додавајќи дека понатамошната анализа на генетската активност на црвите сугерира дека ефектот дошол од зголемување на протеините што ги разбиваат мастите произведени во цревата на црвите. Ваквите ефекти, веруваат истражувачите, ги отсликуваат придобивките од постот кај луѓето.

Тајните на цревата се сè уште бројни

И покрај популаризацијата и големата продажба на пробиотици и пребиотици во последните години, тајните на цревата сè уште се многубројни. Научниците само загребаа по површината на ова опсежно поле на човечкиот организам. Останува да се открие како микробите стигнуваат до цревата, што го менува составот на микробиомот и како може да се манипулира со него.

Додека некои истражувања сугерираат дека пробиотиците може да го подобрат имуното здравје или гастроинтестиналните нарушувања, резултатите досега биле мешовити. Конкретно за комбухата, некои мали студии открија дека пијалакот може да има корист за здравјето на цревата на оние кои се хранат со западен стил. Сепак, речиси сите претходни истражувања се спроведени на животински модели, така што резултатите можат да бидат контрадикторни.

Не се сите комбухи еднакви

Овој пијалак доаѓа во многу различни форми со различни состави на микробиолошки двигатели. Доколку пијалакот не се чува на вистинската температура, овие корисни играчи лесно би можеле да умрат пред да се консумираат. До денес многу малку клинички испитувања на луѓе ги тестирале ефектите на комбухата врз здравјето на цревата.

Во 2023 година, беше спроведена пилот-клиничка студија на десетина учесници, која откри дека комбухата во комбинација со храна богата со јаглени хидрати го намалува нивото на гликоза во крвта на гладно по четири недели во споредба со плацебо. Иако звучи добро, ова испитување треба да се направи кај поширока популација.

Друго клиничко испитување покажа дека исхраната богата со ферментирана храна, вклучително и комбуха, може да ја зголеми разновидноста на микробиомот и да ги намали воспалителните маркери. Додека чекаме нови клинички испитувања, досега собраните сознанија покажуваат дека пиењето на овој вкусен пијалак не може да биде штетно на ниту еден начин.