Се најадовте лук? Изедете едно јаболко и отстранете го лошиот здив!

Фото: Pexels
197

Дали сакате лук, но ве мачи неговиот непријатен мирис? Ги знаеме сите трикови како да го отстраниме, а имаме и одличен рецепт со печен лук во кој мирисот не е никаков проблем

Уште го памтам советот на мајка ми која секогаш кога ќе кажев дека ми се јаде лук, ама не сакам да смрдам кога ќе одам некаде, ми велеше: Изеди едно јаболко!

И сега, меѓудругите, го гледам истиот совет. Свежото јаболко доста добро го решава проблемот со непријатниот мирис на лукот. Исто како и сокот од лимон и зелениот чај.

Сите знаеме колку лукот е добар за нашето здравје и колку го подобрува вкусот на храната, но сепак имаме проблем со него. Знаеме и зошто – тешко е да се ослободиме од неговиот интензивен и непријатен мирис.

Освен што останува на прстите откако ќе го исечкаме, здивот после јадење лук не е најпријатното нешто на светот. Па, како да се ослободите од него?

3 совети против непријатниот мирис на лукот
Еве 3 совети кои со своето истражување го поткрепиле научниците од Државниот универзитет во Охајо:

Јадете сирово јаболко – сетете се како јаболкото оксидира ако го исечете и го оставите на воздух извесно време? Тоа е затоа што содржи ензим што го прави зеленчукот потемен ако долго стои во воздух, но делува и како природен дезодоранс, кој на пример успешно го отстранува непријатниот мирис на лукот, бидејќи ги неутрализира сулфитите.
Пијте сок од лимон – ова делува особено добро ако јадете згмечен лук. Киселината во сокот од лимон го неутрализира ензимот алиназа кој се наоѓа во сировиот лук и кој е една од причините за непријатниот мирис.
Пијте зелен чај – Исто како што е случајот со сировото јаболко, полифенолите од лимонот ги „поништуваат“ ефектите на супстанциите кои се одговорни за непријатниот мирис на лукот.
Не мора да цедите лимони и да џвакате јаболка секогаш кога јадете лук, доволно е да изрендате малку кора од лимон и да исцедите малку сок од лимон во вашиот сос од лук.

Се разбира, сите овие совети се одлични, но ние мислиме дека нашиот е сепак најдобар – користете печен лук (како во нашиот рецепт подолу), кој има многу поблаг мирис и вкус, па дури и вашите прсти не добиваат непријатен мирис, бидејќи лукот се пече во лушпа. Освен тоа, оваа едноставна супа од печен лук е и многу вкусна!

Супата од печен лук со препечено лепче и рендан пармезан е совршено јадење кое воодушевува со својот вкус.

Состојки:

2 главици лук 2
1 лажица маслиново масло
4 шолји пилешка супа или вода
250 гр компири
Пармезан по вкус

сол и црн пипер по вкус

Приготвување:
Загрејте ја рерната на 190 степени. Пресечените главици лук премачкајте ги со малку масло и цврсто завиткајте ги во алуминиумска фолија и печете околу 40 минути. Оставете ги да се изладат, а потоа истиснете го печениот лук од лушпата.

Компирите исечени на коцки и печениот лук ставете ги во водата и оставете да зоврие. Нека врие околу 12 минути, додека компирот не омекне. Тргнете го од оган и измешајте свежо изрендан пармезан.

Оставете го малку да се излади, па ставете го во блендер и блендирајте додека не добиете густа, еднолична смеса. Зачинете по вкус. Послужете ја супата со препечен леб и поросете со малку рендан пармезан.