Полесни и побрзи рецепти за домашен квасец

Фото: Pexels
150

Сигурно знаете дека лебот замесен со домашен квасец е поздрав и подолго ја задржува свежината, но никако да одгледате домашен квасец? Или ви изгледа дека предолго трае, а вие немате трпение или пак заборавате дека му треба секојдневна грижа. Ние најдовме три побрзи постапки кои не бараат многу труд

Некои од нас не се многу трпеливи па колку и да сакаат да одгледаат домашен квасец, знаејќи дека лебот замесен со домашен квасец е поздрав и подолго ја задржува свежината, никако не успеваат во тоа. Или ви изгледа дека предолго трае или пак заборавате дека му треба секојдневна грижа. Ние најдовме три побрзи постапки кои не бараат многу труд, а конечниот резултат ќе ве воодушеви.

Лебот кој потоа ќе го направите со него, оној од кисело тесто, како што се правел порано, е многу поздрав и повкусен од оној што го јадеме денес.

Еве 3 начини на кои можете да подготвите домашен квасец:

Со брашно и вода

Во сад измешајте неколку лажици интегрално брашно и млака вода во ретко тесто. Во текот на следните 4 дена, зголемувајте ја количината на смесата, повремено мешајќи. Ќе видите дека габите од брашното и воздухот си го направиле своето – ќе се појават меурчиња и тестото почнува да расте. Околу 250 гр се доволни за еден леб.

Додадете во остатокот уште брашно и вода, оставете го процесот да продолжи до следниот ден, потоа покријте го садот и чувајте го во фрижидер до следната употреба.

Со јаболка

Изрендајте го јаболкото и измешајте го со 500 гр брашно и млака вода, за да добиете многу меко тесто. Покријте го со чиста крпа и по 3-4 дена ќе видите дека тестото нараснало. Искористете половина, а остатокот ставете го во фрижидер до следната употреба.

Со кефир

Ако имате домашен кефир, измешајте една чаша со 100 гр брашно и оставете да ферментира еден ден. Оваа количина е доволна за да направите еден здрав и вкусен домашен леб.