Поедноставно е отколку што мислите: Како да направите домашно оризово млеко?

241

Ако сте веган или сте алергични на лактоза, или пак само сакате поевтина растителна варијанта на млеко, оризовото млеко би можело да биде добра алтернатива.

Можеби ќе ви биде малку чудно ако до вчера сте пиеле кравјо млеко, ама ќе се навикнете. За да биде повкусно, а сепак здраво, наместо шеќер додадете 2-3 урми, можеби некој ванилин шеќер или подобро, екстракт од ванила.

Одлично е како додаток во кафе, но и за подготовка на колачи.

Доколку сте алергични на лактоза консумирањето на ова млеко ќе ја намали поддуеноста која ја чувствувате после пиење на обично млеко.

Состојки за 1 литар:

1/2 шолја ориз (може да биде од бел или од интегрален ориз)

литар вода

2-3 урми и ванила или мед

Приготвување:

Оризот ставете го во длабок сад и прелијте го со вода, оставете го да стои преку ноќ. Следниот ден фрлете ја водата и додадете нова вода. Сварете го, а доколку сте го оставиле да стои 24 часа, тогаш ќе ви треба многу кратко време за да омекне и да набабри. Оставете го да се излади, а потоа само ставете го во блендер заедно со додатоците и убаво измешајте.

Регулирајте ја густината со додавање на вода. Процедете го низ цедалка, не мора да се мачите со гази. Доколку е премногу густа смесата, талогот ќе си падне на дното од садот во кој ќе го чувате.

Чувајте го во стаклено шише или бокал и ќе биде свежо околу 4-5 дена. Доколку сакате по желба можете да додадете и уште малку мед пред консумирање.