Популарната една лажица маслиново масло дневно, не е за секого

Фото: Pexels
0

Редовното консумирање маслиново масло се поврзува и со помал ризик од одредени хронични заболувања и подолг животен век. Но, дали навистина е добро секое утро да се испие по една лажица маслиново масло и дали оваа навика има и свои недостатоци?

Маслиновото масло со години важи за една од најздравите намирници во медитеранската исхрана. Богато е со корисни мононезаситени масти и антиоксиданти, може да придонесе за зачувување на здравјето на срцето, подобра контрола на шеќерот во крвта и намалување на хроничните воспалителни процеси во организмот.

Редовното консумирање маслиново масло се поврзува и со помал ризик од одредени хронични заболувања и подолг животен век. Но, дали навистина е добро секое утро да се испие по една лажица маслиново масло и дали оваа навика има и свои недостатоци?

Замената на путерот и маргаринот со маслиново масло може да придонесе за подолг и поквалитетен живот

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои консумираат повеќе од 30 грама маслиново масло дневно, односно околу две лажици, имаат за 20 отсто помал ризик од смрт од која било причина во споредба со оние кои консумираат 15 грама или помалку.

Кај нив ризикот од смрт од рак е помал за 23 отсто, а ризикот од смрт поврзана со срцеви заболувања е помал за 25 отсто. Консумирањето маслиново масло може да придонесе и за подобрување на когнитивните функции и спречување на нивното опаѓање.

Сепак, иако многумина тврдат дека пиењето маслиново масло наутро има посебни придобивки, досега нема истражувања што докажуваат дека неговото консумирање на празен желудник е поефикасно од вообичаените начини на употреба, како на пример додавањето во салата.

Маслиновото масло се смета за здрава маст и генерално е безбедно за консумирање, но сепак има неколку работи на кои треба да се внимава.

Луѓето со чувствителен желудник треба да бидат внимателни

Консумирањето маслиново масло на празен желудник може да предизвика дигестивни тегоби, па затоа оние кои имаат почувствителен систем за варење подобро е да го избегнуваат овој начин на употреба.

Друг недостаток е неговата висока калорична вредност. Една лажица маслиново масло содржи околу 119 калории, па редовното внесување дополнителни количества може со текот на времето да придонесе за зголемување на телесната тежина.

Затоа, нема потреба маслиновото масло да се пие самостојно наутро. Подобро е да се комбинира со други здрави намирници, на пример како додаток во салати и оброци.