Посни марифетлуци или вегански десерти, кој како милува

1.596

Ова се од оние мали слатки залачиња кои се јадат прво со очи, а потоа и со уста. Сепак, ако сте од оние неодлучните, тешко ќе ви паднат…додека ги пробате сите…

Знаете како изгледа она кога се врти една цигара во круг, нели? Мислам, сигурно сте виделе во некој филм. Ама како изгледа кога се вртат овие слатки мали десертчиња во круг, тоа сигурно не сте го виделе ниту на филм.

А како поинаку да пробате од сите? Навистина е да тешко да се одлучите за едно или две. Нема шанси!

Затоа, наједноставно е вака, секој зема по една чашка, пробува со лажичката и продолжува во круг. Така до крај, додека не се пробаат сите до едно.

Сите овие слатки деликатеси ги направила нашата читателка Ана Радованац за своите гости, од најразлични состојки, сите посни, односно, вегански. Вклучувајќи го растителното млеко за пудинзите, по некое домашно слатко, замрзнати шумски плодови, карамелизирани јатки, тиква, посни бисквити на дното, кокос, лимони, портокали, а секоја комбинација, подеднакво фантастична. Токму како што изгледаат, привлечно и вкусно.