Праз за здравјето на штитната жлезда и белите дробови

Фото: Unsplash
7.846

За разлика од црвениот кромид или лукот, празот се употребува не само како додаток, туку како самостоен зеленчук. Сетете се само колку е вкусен онака испржен со јајца или без, со печурки или месо или пак свеж, во салата со маслинки и лимон.

Иако употребата на праз во македонската кујна е многу честа затоа што го подобрува вкусот на многу јадења, малкумина ги знаат лековитите својства на овој зеленчук. За разлика од црвениот кромид или лукот, празот се употребува не само како додаток, туку како самостоен зеленчук. Сетете се само колку е вкусен онака испржен со јајца или без, со печурки или месо или пак свеж, во салата со маслинки и лимон. Да не зборуваме за тоа колку е вкусен како фил во домашна пита.

Освен што е сестран и вкусен, празот е и здрав. Богат е со хранливи и лековити материи – содржи голема количина минерали и витамини Ц, како и есенцијални масла со сулфур. Овие масла имаат корисен ефект врз респираторните органи, варењето на храната, бубрезите, црниот дроб, крвта и крвните садови. Во исто време, од тие масла потекнува и мирисот на празот, кој е доста специфичен и на многумина им е одбивен. Кога користите праз, се препорачува да се користат и белите стебла и зелените лисја.

Делување:

При зголемена тироидна жлезда, се препорачуваат топли облози од варен праз.

Празот помага при кашлање, такашто ја смирува кашлицата и има благотворно дејство врз засипнатоста, пневмонијата и астмата.

Ја намалува зголемената количина на мокрачна киселина, холестерол и маснотии во крвта.

Празот ја подобрува циркулацијата на крвта и помага при артериосклероза и воспаление на вените.

Го подобрува апетитот и ја стимулира работата на дигестивниот систем и цревата.