Предизвик за јануари: Растителна верзија на моцарела која е совршена за пица

Фото: Pexels
176

Оваа растителна верзија на моцарела е направена од само пет состојки – варен карфиол, алтернатива на млеко од растително потекло, тапиока брашно (скроб), сол и прехранбен квасец.

Ако не јадете храна од животинско потекло, тоа не значи дека треба да се откажете од вашите омилени јадења – од пица и лазања до хамбургери.

Не мора ни да купувате вегански алтернативи на производи од животинско потекло како што е сирењето бидејќи истото може да се направи дома користејќи само неколку состојки.

Најлесниот рецепт за растителна верзија на топено сирење од моцарела која е совршена за пица
Сирењето е направено од само пет состојки – варен карфиол, алтернатива на млеко од растително потекло, тапиока брашно (скроб), сол и прехранбен квасец.

Квасецот му дава на ова сирење вкус на сирење, додека се растегнува како вистинско сирење благодарение на брашното тапиока. Што се однесува до растителното млеко, можете да користите незасладена верзија направена од соја, бадем, овес или ориз – одлуката е целосно ваша.

Станува збор за вирален рецепт на блогерката за храна Франческа Бонадона, која го сподели пред неколку години на нејзиниот канал на YouTube Plantifully Based.

Состојки:
375 гр карфиол
200 мл растително млеко
3,5 лажици тапиока брашно
1 лажица прехранбен квасец
сол по желба

Приготвување:
Исечете го карфиолот на цветчиња и сварете го во обична вода додека не омекне. Ќе ви треба околу половина час.
Карфиолот исцедете го и префрлете го во блендер. Додадете млеко од растително потекло, квасец, тапиока брашно и сол.
Блендирајте додека не добиете мазна смеса.
Префрлете ја смесата во тенџере и загрејте ја на шпорет на умерено висока температура со постојано мешање. Загревајте околу пет минути, со постојано мешање, за да се активира брашното, при што ова растително сирење ќе стане густо и растегливо.
Користете го по желба – на пица, во лазања или во кој било друг рецепт за кој ви е потребна веганска верзија на топено сирење. Добар апетит!
Како Франческа Бонадона ја прави оваа растителна верзија на топено сирење, како и целата веганска верзија, погледнете во видеото подолу.