Природен лек кој има и мрачна страна: Мускатното оревче е помош за болки, лошо варење, несоница, но може да биде и опасно

Фото: Pexels
263

Супер здравото миризливо оревче кое е на листата од омилени зачини на многумина, има и своја мрачна страна. Во преголеми количини предизвикува мачнини, грчеви и халуцинации, како и неправилна работа на срцето, дерматитис, алергии … Сепак, ако се внимава на количината, носи бројни здравствени придобивки

Мускатното оревче е популарен зачин добиен од семето на дрвото Myristica fragrans, кое по потекло е од Индија, Индонезија и Шри Ланка.

Овој загревачки зачин со сладок и јаткаст вкус подеднакво често се додава и во слатките и во солените јадења за да се нагласи нивната арома.

Сепак, ова супер здраво миризливо оревче кое е на листата од омилени зачини на многумина, има и своја мрачна страна. Во преголеми количини предизвикува мачнини, грчеви и халуцинации, како и неправилна работа на срцето, дерматитис, алергии …

Овој зачин во мали количини е лековит, но во големи дози е токсичен (не треба да земате повеќе од 2 мг ден). Ако се користи умерено, мускатното оревче ги ублажува киселините, го поттикнува варењето, ги смирува болките, детоксицира, го чува здравјето на коските, ја ублажува несоницата, анксиозноста и депресијата.

Овој зачин долго време се користи како природен лек во традиционалната медицина.

На пример, во ајурведската медицина се користи за ублажување на дигестивните проблеми, како и за добар сон бидејќи има смирувачки својства.

Според кинеската медицина, поволно делува на циркулацијата и здравјето на слезината и дебелото црево.

Мускатното оревче е богато со влакна и хранливи материи како бакар, манган и магнезиум, а содржи и помали количини на витамини А, Ц и неколку витамини од Б-групата. Богат е и со антиоксиданти, што значи дека ги штити клетките од оштетување предизвикано од слободните радикали.

Можете да го набавите цело или во прав, а достапно е и неговото етерично масло, кое како ароматична состојка се додава во сапуните и свеќите, како и во пастите за заби.

Дознајте ги сите придобивки од морското оревче и зошто би требало да го додадете на полицата со зачини.

Заедно со ѓумбирот, куркумата и каенскиот пипер, ова е уште еден во низата зачини со кои дефинитивно треба да ја збогатите вашата мала домашна аптека.

Придобивките од морско оревче

  1. Има антиинфламаторно дејство и ја ублажува болката

Мускатното оревче содржи монотерпени и фенолни материи кои ги намалуваат воспалителните процеси во човечкото тело.

Благодарение на ова, овој зачин ја ублажува болката, односно делува како природен аналгетик.

Маслото од морско оревче, кое се добива од семките, се нанесува директно на болното место со цел да се ублажат болките предизвикани од артритис и ревматизам.

Благодарение на неговите антимикробни и антисептички својства, морското оревче е добро и за кожата (ги ублажува иритациите и ја поттикнува нејзината хидратација).

Примена: помешајте мала количина масло од морско оревче со малку кокосово или маслиново масло и втријте го во болното место неколку пати на ден.

  1. Го стимулира варењето и ја елиминира надуеноста

Овој зачин е богат со влакна, кои придонесуваат за добро варење.

Познато е и дека морското оревче помага при лачењето на желудочниот сок и ги ублажува тегобите од лошото варење, како што се запек, надуеност и гасови.

Може да помогне и при мачнини, повраќање и дијареа, а се покажало и дека ги ублажува симптомите на Кронова болест.

Примена: додадете прстофат морско оревче во супа или чорба или во топол пијалак.

  1. Ја ублажува несоницата

Ако страдате од лош сон и несоница, морското оревче може да ви помогне. Ваквиот ефект може да се припише на изобилството на магнезиум што го содржи овој зачин.

Мускатното оревче делува смирувачки на нервите и го помага лачењето на серотонин.

Мозокот го претвора серотонинот во мелатонин, хормон кој е неопходен за добар и здрав сон.

Примена: додадете прстофат морско оревче во топло млеко и испијте го пред спиење.

  1. Помага при депресија и анксиозност

Испарливите масла од морско оревче содржат, меѓу другото, миристицин и елемицин, кои имаат благи седативни својства и помагаат при анксиозност.

Овие масла делуваат така што го стимулираат лачењето на серотонин и допамин, кои се одговорни за доброто расположение.

Мускатното оревче има и адаптогени својства, што значи дека може да ви помогне да се справите со зголемениот стрес.

Земањето мали количини од овој зачин за време на стресни и напорни периоди го намалува крвниот притисок и ви помага да се чувствувате добро во сопствената кожа.

Примена: додадете прстофат морско оревче во топло млеко или друг пијалак и испијте го.

  1. Ги зајакнува когнитивните способности

Исто така, мускатното оревче има корисен ефект врз мозокот како вистински природен тоник.

Интересно е што овој зачин го користеле и старите Грци и Римјани, верувајќи во неговите невропротективни својства.

Споменатата состојка миристицин делува на тој начин што ја подобрува меморијата.

Примена: додадете прстофат зачини во топла вода и испијте ја пред спиење.

  1. Добро е за женското здравје

Познато е дека морското оревче ја поттикнува работата на матката и ги ублажува грчевите и болките за време на менструацијата, па затоа е пожелно жените да го земаат.

Овој зачин има и афродизијачки својства, што значи дека позитивно влијае на либидото.

Примена: додадете прстофат зачин во јадењето или во топол пијалак. Консумирајте пред и за време на менструацијата за да ги ублажите болките и можните грчеви.

  1. Го чува здравјето на усната празнина

Бидејќи има антибактериски својства, морското оревче е одлично и за спречување на кариес и други болести на забите и непцата.

Исто така, овој зачин содржи еугенол, испарливо масло кое помага во ублажување на забоболката. Со него може да го решите и проблемот со лошиот здив.

Примена: изрендајте малку морско оревче и измешајте го со малку масло од оригано. Четкајте ги забите со ова неколку пати неделно

Некогаш овој најскап зачин на светот дошол од островите Банда, а и денеска повеќе се цени од оној кој доаѓа од индиските стебла. Колку се поголеми толку се поскапи. Мускатното оревче со својата арома и лековитите моќи е познато во целиот свет.

Но од секогаш оние кои го продавале биле многу внимателни и им велеле на своите купувачи: „едно е добро за тебе, второто ќе ти наштети, а третото може да те убие“.