Протеините се чувари на организмот, а ова се пет знаци по кои можете да видите дека ви недостасуваат

Фото: Unsplash
285

Улогата на протеинот е важна за мускулите, но и за коските, ‘рскавицата и ткивото, како и за зајакнување на имунолошкиот систем, за регулирање на хидратацијата на телото и за производство на ензими и хормони.

Протеините се важни за функционирањето на човечкото тело. Тие помагаат да се изгради мускулна маса и да се заштитат и обновуваат мускулните влакна. Улогата на протеинот е важна за мускулите, но и за коските, ‘рскавицата и ткивото. Протеините се важни и за зајакнување на имунолошкиот систем, за регулирање на хидратацијата на телото и за производство на ензими и хормони.

Ова се петте најчести знаци на недостаток на протеини во нашето тело.

Се чувствувате уморно цело време

Аминокиселините кои ги содржат протеините се важни за подобрување на растот на мускулната маса, но и за транспорт на кислород во циркулаторниот систем. Недостатокот на протеини може да предизвика состојба кога помалку кислород влегува во циркулаторниот систем, што предизвикува чувство на замор, исцрпеност и слабост.

Зголемена склоност кон инфекции и болести

Недостатокот на протеини, исто така, може негативно да влијае на отпорноста на имунолошкиот систем. Ослабениот имунитет може да доведе до поголема склоност кон разни видови инфекции и болести.

Проблеми со кожата на лицето, ноктите и косата

Еден од главните симптоми на недостаток на протеини е кршливоста и опаѓањето на косата. Недостатокот на протеини негативно се одразува и на кожата на лицето, може да се појават дамки и кожата да поцрвени. Бидејќи протеините влијаат на отпорноста на ноктите, тие имаат тенденција да се скршат.

Нарушено зараснување на рани и мускулни ткива

Протеините се многу важни за формирање и обновување на мускулните влакна. Недоволното внесување на протеини може да предизвика вашите мускули да не можат брзо да се регенерираат по напорниот тренинг и ќе бараат подолг одмор. Исто така, може да предизвика подолго зараснување на рани и фрактури на коските.

Губење на мускулна маса

Мускулите се најголемата резерва на протеини во нашето тело. Затоа, ако телото не прима доволно количество протеини, почнува да ги користи протеините кои се наоѓаат во мускулната маса. Ова доведува до негова прекумерна загуба и исто така е причина за губење на продуктивноста. Дури и мал недостаток на протеини кај постарите луѓе предизвикува губење на мускулната маса. Ова го покажа и една студија која откри дека постарите жени и мажи кои не консумираат доволно протеини имале тенденција побрзо да ја губат мускулната маса, понекогаш дури и во поголеми количини. Тоа го потврдила и друга студија во која зголемениот внес на протеини ја забавува мускулната дегенерација кај постарите луѓе,