Еве зошто не е здраво да се јаде од пластични садови

Фото: Unsplash
277

Да, знаеме дека е практично да ја спакувате храната во пластична кутија и да си земете ручек за на работа, за на излет, па дури и за на плажа, но ви откриваме зошто тоа не треба да го правите и зошто треба да ги замените пластичните садови со стаклени

Дали работите секој ден и се трудите да се храните здраво и што помалку да нарачувате храна? Ако сте од оние кои одговориле потврдно на претходното прашање, тогаш веќе знаете како оди ова. Ноќта пред да си легнете или наутро пред работа, си правите оброк што ќе го јадете на работа и го пакувате во пластичен сад за да го земете со вас. И тоа е за пофалба бидејќи поголемиот дел од храната што ја нарачуваме од достава не е здрава и едноставно не можеме да контролираме што внесуваме во нашето тело. Но, има еден голем проблем, а тоа се пластичните садови во кои најчесто ги чуваме оброците за да можеме да ги однесеме, а во продолжение ќе ви откриеме зошто е тоа проблем.

Пластичните садови ослободуваат микропластика во храната што сте ја складирале во нив. Микропластиката се всушност мали парчиња пластика кои потоа ги внесуваме во телото преку храната. Научниците неодамна пронајдоа микропластика дури и во човечката крв.

Зошто микропластиката е штетна за вашето здравје?
Микропластиката содржи различни токсични хемиски соединенија кои можат лошо да влијаат на вашето здравје. Покрај тоа што е многу нездрава за нашиот дигестивен систем, микропластиката е една од главните причини за неплодност и кај жените и кај мажите и токму затоа треба да се избегнува колку што е можно повеќе. Особено треба да ги заштитите децата од микропластика, бидејќи тие можат да бидат причина за разни алергии во најраните фази од животот. Обидете се да ги замените пластичните садови со стаклени кои немаат негативно влијание врз вашето здравје.