Пржени лепчиња со путер

823

Ако немате леб или едноставно сакате да пробате нешто поинакво, еве одличен рецепт за релативно брзи лепчиња со путер, кои се печат во тава, на рингла

За да ги направите овие лепчиња не ви треба многу време, освен оние 45 минути колку што треба да отстои тестото. Потоа оди брзо. Се печат од двете страни по 4 минути во тавче на рингла. Значи, за овие лепчиња не треба да вклучувате рерна.

Состојки:

400 мл млака вода

200 мл млако млеко

30 мл масло

40 г шеќер

8 г сув квасец

840 г брашно

20 г сол

10 мл масло

150 г мек путер

Приготвување:

  1. Во поголем сад ставете ги водата, млекото, маслото, шеќерот и квасецот и измешајте. Додадете ги брашното и солта. Измешајте со лажица и замесете. Оставете го тестото да се одмори 45 минути.
  2. Откако ќе се одмори тестото ставете го врз подлога за месење. Сипете врз него 10 мл масло и замесете го кратко. Издолжете го тестото, пресечете го на половина по должина и потоа на помали парчиња. Од секое парче направете топче и врз него ставете парче мек путер.
  3. Натапкајте го путерот врз секое топче и со прсти раширете го тестото во круг. Ставете 3 такви круга еден врз друг, потоа затворете ги и повторно направете топче и со тапкање развлечете го во форма на палачинка.
  4. Пржете ги лепчињата во тавче по 4 минути од секоја страна.

Можете да ги комбинирате со некое макало, сос или да ги користите наместо тортилји.

Ако не ви е сосема јасно, има и видео. Ние ги испробавме и беа фантастични.