Рецепт за чај од ѓумбир за ублажување на болки во грлото и кашлица
Ако сакате природни лекови, обидете се да се ослободите од досадната кашлица со чај од ѓумбир. Во исто време, овој чај ќе ви го подигне и расположението.
Ѓумбирот сѐ повеќе се користи, и во кујната како омилен зачин за оброци и десерти, и како ефикасен лек за бројни заболувања.
Оваа билка ја ублажува мачнината, ја поттикнува циркулацијата и го намалува стресот, додека во зимските месеци е најпрефериран лек за проблеми со грлото.
Прочитајте како да направите чај од ѓумбир.
Потребни состојки
1 лажичка рендан свеж ѓумбир
1 лажичка мед
1 лимон (сок)
250 мл топла вода
Подготовка
Свежиот рендан ѓумбир ставете го во сад и прелијте го со топла вода. Кога малку ќе се олади, додадете сок од лимон и мед, промешајте и испијте што е можно поскоро.
Овој чај е најдобро да се пие пред спиење или наутро.