Рецепт за домашен посен мајонез

Фото: Pexels
292

Посниот мајонез лесно се прави и е намаз кој со задоволство ќе го користите во деновите на постот.


Состојки:

55 мл течност од лименка наут
25 мл сок од лимон
20 гр сенф
1/2 лажичка сол
255 мл масло

Рецепт за домашен посен мајонез:
За да го направите овој посен намаз, во сад ставете ја течноста од конзервата наут, сокот од лимон, сенфот и солта и кратко изматете со миксер.
Потоа во тенок млаз додавајте го маслото, матејќи цело време додека не добиете текстура на мајонез.

Чувајте го во фрижидер.