Рецепт за кифлички со кои нема утка

548

Рецептот и фотографиите се на Марина Луетиќ, која вели дека секогаш кога ѝ доаѓаат гости или пак таа оди некаде и сака да придонесе за трпезата, ги прави токму овие кифлички. Вели, рецептот е навистина одличен и со него не ѝ се случило никогаш да згреши.

Патем, препорачува веднаш да ја дуплирате дозата за да не ви биде жал кога ќе се уверите колку се вкусни.

Состојки:

600 гр обично брашно
1 прашок за пециво
1 лажичка сол
100 мл масло
200 гр кисела павлака
200 мл топло млеко
1 инстант сув квасец
1 голема лажица шеќер

Приготвување:

Измешајте 600 гр брашно, прашок за пециво и лажичка сол. Додадете 100 мл масло и 200 гр павлака и измешајте.
Посебно измешајте 200 мл топло млеко, инстант сув квасец и голема лажица шеќер и истурете ги во готовата смеса. Се замесува мазно тесто, се дели на 4 дела и се расукува до дебелина од 1/2 цм. Исечете го на триаголници и обликувајте ролни.

Во овие кифли има и фил, јајце измешано со здробено кравјо сирење.

Загрејте ја рерната на 180° Ц. Ставете ги кифличките на подмачкан плех и оставете ги во кујната на топло, да отстојат 10-15 минути. Намачкајте ги со жолчка од јајце и по желба поросете со сусам, ким или афион. Се печат во рерна 10-15 минути.

Кога ве бидува со тесто, а имате и добар рецепт, нема промашување. Препорачуваме веднаш, двојна доза!
Фото и рецепт: Марина Луетиќ