Рукола: вкусна, декоративна и здрава

Фото: Pexels
118

Иако има долга историја на употреба во кулинарската и традиционалната медицина, руколата кај нас нема баш некоја долга традиција. За среќа, сега ја имаме редовно како чудесен додаток во многу јадења и салати

Ова растение е едно од најздравите во светот.

Иако има долга историја на употреба во кулинарската и традиционалната медицина, руколата кај нас нема баш некоја долга традиција, но, за среќа, сега ја имаме редовно како чудесен додаток во многу јадења и салати.

Руколата, растение познато по својот луткаст вкус, често се користи како додаток во салати, готвени јадења и сендвичи.

Но, освен што е вкусна и декоративна, таа е и моќен природен лек.

Ова растение е богато со хлорофил, кој е клучен за здравјето на црниот дроб и за заштита на ДНК од афлатоксини.

Најмногу хлорофил од руколата се добива кога се консумира сирова.

Составена од 90 отсто вода, руколата е идеална хидратантна храна, особено се препорачува во текот на летните месеци.

Станува збор за растение кое со векови се користи како афродизијак, а дава и бројни здравствени придобивки.

Така, руколата е богата со витамин К, неопходен за апсорпција на калциум во коските и забите.

Три шолји од ова растение дневно задоволуваат 100 отсто од дневните потреби за витамин К. Содржи и големи количини на калциум.

Богата со фолна киселина

Антиоксидантите во руколата значително го намалуваат ризикот од воспаленија во организмот, а помага и за чистење на дебелото црево и за стимулирање на варењето благодарение на фитохемикалиите, антиоксидантите и есенцијалните минерали.

Богата со витамини од групата Б, руколата содржи и големи количини на фолна киселина. Истражувањата на постари луѓе покажале дека ниските нивоа на фолати го зголемуваат ризикот од опаѓање на когнитивните функции.

Исто така, руколата е нискокалорична храна – две шолји содржат само 80 калории, што ја прави идеален избор за оние кои сакаат да ослабат.

Минералите и антиоксидантите во руколата се клучни за сексуалното здравје, помагајќи да се блокираат загадувачите на животната средина кои негативно влијаат на либидото.

Истражувањата покажале дека екстрактите од листовите од рукола го зголемуваат нивото на тестостерон и активноста на спермата кај глувците, што укажува на тоа дека руколата го зголемува либидото.

Најмногу се користи во салати, како прилог со месо, зеленчук или ориз, на пица и во сендвичи. Обезбедува најголеми здравствени придобивки кога се јаде сирова.