Руски лекар предупредува дека денешниот леб со квасец е еден од најлошите изуми на човештвото! Дали е ова навистина така?

Фото: Pexels
1.012

Текст со предупредување дека квасецот во модерните лебови е еден од најлошите изуми на човештвото се појави уште пред неколку години. Еве што вели за тоа една од најпознатите нутриционистки во регионот, Тања Олајџија

Српските медиуми уште пред неколку години објавија текст од извесен руски лекар-натуропат Виктор Хрушчов (некаде Хрушлов), во кој тој тврди дека еден од најголемите проблеми денес е лебот. Сите знаеме дека лебот не е ист „како некогаш“, но – тоа не е единствениот проблем. Еве што точно пишуваа тие:

Рускиот натуропат Хрушчов тврди дека го исклучил модерниот леб од својата исхрана (и од исхраната на неговите пациенти).

„Работата е во тоа што ако јадеме леб со квасец, квасецот ни влегува во крвта, почнува да се размножува, ги консумира нашите витамини, микроелементи, протеини. Во исто време, тој ги лачи продуктите на неговиот живот: токсините. Со други зборови, квасецот е паразит во нашиот организам. И затоа го сметам модерниот леб за еден од најлошите изуми на човештвото“.

Тој наведува дека при печењето квасецот влегува во „капсулите“ од глутен, а се ослободува во цревата, ја оштетува слузокожата и ја нарушува нормалната цревна микрофлора.

„Покрај тоа, не само што паразитира во цревата, туку живее и во крвната плазма и слободно се размножува. Ова може да заврши со различни видови на интоксикација, габични заболувања, нарушен имунитет, што може да доведе до многу хронични заболувања и туморски процеси. Дури и да престанеме да јадеме модерен леб со квасец – дури после пет години нема да има повеќе клетки од квасец во крвната плазма“.

Зошто денешниот квасец е толку погубен?
„До четириесеттите години на 20 век се користеле квасци од сосема друг тип. Тие не биле антагонисти на човечката симбиотска микрофлора, односно не ги убивале корисните бактерии кои живеат во дебелото црево, туку тестото нараснувало 24 часа, што не им одговарало на пекарите.

За да го интензивираат производствениот процес, почнале да користат квасци од сосема различен тип, кои се сметаат (ова е отворена информација) „условно патогени микроорганизми“, т.е. оние кои предизвикуваат болести под одредени услови. Станува збор за таканаречените термофилни квасци, со кои тестото нараснува за само еден час“.

Хрушчов го продолжува објаснувањето: „Термофилните квасци, кои денес се користат во печењето, се антагонисти на симбиотската човечка микрофлора. Тоа значи дека нивното делување во дебелото црево ги убива микробите кои инаку произведуваат витамини, есенцијални амино киселини, корисни биолошки активни материи и се неопходни во човечкото тело за нормално функционирање, односно за здравје.

Во последните неколку години се забележува тренд на зголемување на зачестеноста на габични инфекции не само кај возрасните, туку и кај децата, а посебно на оние сложени, системски габични инфекции“.

Што велат нутриционистите?

„Квасецот е всушност незгодна тема, бидејќи во старите публикации и необновени податоци ќе најдеме информации за хранливото изобилство на витамини и минерали во квасецот и ќе заклучиме дека е добар и корисен за нас. Така беше, нема грешка во тоа сознание. Но, како и повеќето намирници, ни квасецот не е како што беше, па денес оправдано се поставува прашањето дали пекарскиот квасец е корисен или штетен за нашето здравје. Имено, постојат индиции дека наместо од пекарскиот квасец да ги земаме витамините од групата Б (пред сите други), дека тој ги извлекува тие витамини од нашето тело и така добиваме контра-ефект. Реакциите како мигрена, дигестивни проблеми и други непријатности по консумирање премногу пекарски производи исто така не се невообичаени. Но пред да се откажеме од секаков вид квасец, треба да се истакне дека домашниот квасец кој порано го правеле нашите баби, оставајќи дел од тестото и ферментацијата преку ноќ е многу подобар избор од пекарскиот квасец“, објаснува една од водечките нутриционистки во регионот, Тања Олајџија.

Домашниот квасец што го правеа нашите баби е далеку подобар избор отколку оној купен во продавница.
Според неа, постои квасец што треба да се конзумира, а станува збор за нутритивниот и пивски квасец.

„Треба да се направи разлика од пивскиот и нутритивниот квасец, кои не се користат во пекарската индустрија, туку се еден вид додаток во исхраната, поради изобилството на микронутриенти кои ги содржат. Нутритивниот квасец е особено популарен кај веганите, бидејќи обезбедува витамин Б12, кој не е специфичен за растителната храна, пријатен е вкусот, сличен на сирење, а може да се најде во продавниците за здрава храна“, советува Тања.

Често користиме сув квасец наместо парче квасец
На крајот на сето тоа, заклучокот е дека здравите луѓе не треба да се двоумат понекогаш да консумираат печива со квасец, тоа нема да им наштети, но се препорачува тоа да не се прави секојдневно и често.

„Во секој случај, квасецот во никој случај не се препорачува за луѓе кои боледуваат од кандида и други габични инфекции (поедноставно кажано, квасецот е одреден вид на габата Sacharomyces cerevisiae), а што се однесува до здравата популација, секој лесно ќе утврди дали се чувствува подобро кога ќе го елиминира квасецот на одреден период. Моја препорака како и во се е умереност и мислам дека повременото консумирање на печива со квасец нема да не убие, но не мислам дека тоа треба да биде основа на нашата исхрана, покрај толку многу повредни намирници“, заклучила оваа нутриционистка.