Руски народни рецепти за живот после срцев удар

Фото: Pexels
138

Кај нас и во регионот докторите обично даваат само општи препораки за исхрана после срцев удар или кога станува збор за некое друго сериозно заболување. Најдовме неколку интересни рецепти за природни лекови по препорака на некои руски доктори

Правилната исхрана е еден од клучните фактори за опоравување по инфарктот и за превенција од повторен срцев удар. Затоа, треба да ги исфрлите од исхраната штетните производи (мрсно, солено, слатко, сосови и зачини).

Рецепти
Мелем за зајакнување на срцевиот мускул

Семки од кајсии
мед
кора од лимон

Рускиот народен лекар Генадиј Малахов смислил свој рецепт за зајакнување на срцевиот мускул и подобра работа на срцето. Земете 20 семки од кајсии, смелете ги и измешајте ги со иста количина на природен мед и ситно изрендан жолт дел од кората на непрскани лимони. Измешајте сѐ добро. Чувајте го добиениот мелем во добро затворена тегла во фрижидер. Земајте една лажичка три пати на ден, пред оброците.

Десерт за подобра работа на срцето

ореви
јаболко
Калинка
Изблендирајте ги јатките од пет ореви, едно јаболко и семките од една калинка. Измешајте сè и додадете две лажички мед. Оваа вкусна и лековита смеса која го зајакнува срцето, јадете ја во комбинација со чај.

Со вкусна мешавина против слабоста на срцето

Сушени кајсии
Суво грозје
ореви
лимон
Смелете 300 грама суви кајсии, 300 грама суво грозје, чаша исчистени ореви и два цели непрскани лимони заедно со кората. Измешајте ги сите добро со една шолјичка природен мед и чувајте ја теглата во фрижидер. Земајте по една лажица три пати на ден, половина час пред оброците.

Лук против висок притисок

Главица лук
маслиново масло
Смелете главица лук и ставете ја смесата во тегла. Додадете шолја маслиново масло и оставете да стои 24 часа. Потоа процедете низ двојна газа. Следниот ден ставете во чаша една лажица од маслото со лук, па додадете во чашата една лажица свежо исцеден сок од лимон. Пијте го ова половина час пред оброците. Земајте ја терапијата три пати на ден во текот на три месеци.

Рецепт на руската докторка Валентина Касјаненко

Мед, цимет
Измешајте две лажички мед со лажица мелен цимет, сè додека масата не се изедначи. Земете една лажичка од оваа мешавина три пати на ден пред оброците. Лекувањето трае 10 дена. Руската докторка Валентина Касјаненко вели дека овој народен лек го храни срцевиот мускул со активни материи, а циметот ја разредува крвта и делува против воспаление.