Три рецепти со булгур: Идеален е за зима, лесно се подготвува и одличен е во комбинација со мешунки!

Фото: Freepik
1.021

Булгурот е разновидна намирница, така што можеме да ја користиме и во појадокот, и како гарнир со зеленчук, но и како вариво од булгур. Во летните рецепти е одлична како извор на сложени јаглени хидрати во салатите, а за зима се препорачливи варивата, односно, чорбите од булгур.

Булгурот го вбројуваме во житарките, а претставува делумно варена, сушена и дробена пченица. Покрупен е во однос на кускусот кој пак се добива од пченичен гриз. Булгурот е пожелна храна како дел од правилната исхрана поради своите нутритивни вредности.

На пример, содржи влакна важни за правилно варење и витамини од Б групата важни за енергетскиот метаболизам, нервниот систем и за метаболизмот на јаглехидратите. Покрај тоа, содржи и минерали како што се калциум, железо, цинк и магнезиум.

Во 100 г булгур има околу 340 калории, при што содржи најмногу јаглени хидрати, но и околу 11 г протеини и околу 10 г влакна. Често се користи како алтернативна намирница за ориз. Булгурот лесно се подготвува затоа што се готви околу 10 минути, откако ќе се исплакне добро со вода.

Односот на вода и булгур треба да биде 2:1.

Булгурот е разновидна намирница, така што можеме да ја користиме и во појадокот, и како гарнир со зеленчук, но и како вариво од булгур. Во летните рецепти е одлична како извор на сложени јаглени хидрати во салатите, а за зима се препорачливи варивата, односно, чорбите од булгур.

Наједноставниот рецепт со булгур
1 шолја булгур
1 црвен кромид (сечкан)
2 чешниња лук (сечкани)

1 авокадо
Сварен зеленчук од конзерва или сварете сами морков, грашок и пченка
Пелати од конзерва или 1 свеж домат

2 лажици маслиново масло
Црн пипер, оригано, свеж магдонос

Приготвување:

Исплакнете го булгурот и прелијте го со врела вода. Оставете го настрана околу 20 минути за да ја апсорбира водата.

Ставете го во длабока чинија за салата. Додадете го останатиот зеленчук. Ако е од конзерва, прво измијте го убаво, а ако го варевте самите, исцедете го и зачувајте ја водата за следниот рецепт.

Измешајте и зачинете.

Вариво со булгур

Овој одличен хранлив оброк ќе го загрее телото и ќе му ги даде потребните витамини и минерали додека температурата надвор е под нула.

Состојки:
1 шолја булгур
1 црвен кромид (сечкан)
2 чешниња лук (сечкани)
2 моркови (исечени на тркалца)
1 конзерва пелати
1,5 л вода од сварен зеленчук
2 лажици маслиново масло
Црн пипер, оригано, свеж магдонос

(Ако имате ставете и 2 црвени пиперки и 1 тиквичка.

Приготвување:
Исплакнете го булгурот и прелијте го со врела вода. Оставете го настрана околу 20 минути за да ја апсорбира водата.
За тоа време, измијте го и исечете го зеленчукот.
На загреано маслиново масло пропржете ги кромидот и лукот, па додатете ги морковите и ако имате, исечкани црвени пиперки и тиквичка. Зачинете со црн пипер и динстајте неколку минути.
Додадете ги пелатите, потоа водата и сите зачини.
На крајот додадете го булгурот и варете сѐ заедно околу 15 минути.
На крајот поросете со магдонос.

Вариво од леќи и булгур
Комбинацијата на житарки, како што е булгурот и мешунки, како што се леќата, е избалансиран оброк што ќе обезбеди протеини, особено кога станува збор за веганска исхрана. Придобивките од мешунките не треба да ги набројуваме, доволно е да знаете дека треба да ги имате секојдневно на вашето мени.

Состојки:
1 шолја кафеава леќа (измиена)
половина шолја булгур
1 Црвен кромид (сечкан)
2 чешниња лук (сечкани)
2 моркови (исечени на тркалца)
Половина шолја праз (исечен на тркалца)
1 црвена пиперка (сечкана)
1 конзерва пелати (или свежи домати)
2 лажици маслиново масло
1 лажичка мелен пипер
1,5 л вода
половина лажичка ким

Приготвување:
Исплакнете ја леќата под ладна вода, а потоа сварете ја и оставете ја настрана.
Прелијте го булгурот со врела вода и оставете да стои околу 20 минути додека не ја апсорбира водата.
На загреано маслиново масло, пропржете ги кромидот и лукот околу една минута, а потоа додадете ги морковите, пиперката и празот и оставете да врие уште една минута.
Потоа додадете сечкани пелати (или свежи домати), зачини и вода и оставете да зоврие.
Додадете ги леќата и булгурот и варете сѐ заедно околу 15 минути.
Ако сакате, додадете малку свежо сечкан магдонос или сок од лимон пред да послужите.