Само 5 суви сливи на ден против остеопороза

Фото: Freepik
179

Јадењето пет сливи на ден може да помогне во зачувувањето на здравјето на коските, покажуваат
истражувањата.

Сувите сливи се добро познат природен сојузник на правилното варење поради, меѓу другите

придобивки, големата количина растворливи и нерастворливи влакна кои ги содржат. Додека на

некои им е попримамлив компотот од суви сливи, други ќе ги јадат овие моќни плодови без

дополнителна обработка.

Сепак, сливите не се добри само за подобро варење. Една неодамнешна студија објавена во The

Journal of Nutrition покажа дека консумирањето на ова сушено овошје може да ги намали

воспалителните маркери поврзани со губење на коскената маса кај жените во постменопауза. Со

други зборови, сугерира дека нивното консумирање може да обезбеди природна алтернатива за

спречување на развојот на остеопороза. Спомнат е само дел од колачот на ова истражување, кое се

осврнало на здравствените придобивки од овие суви деликатеси.

Како сувите сливи влијаат на здравјето на коските

За потребите на истражувањето кое траело вкупно 12 месеци, научниците собрале 183 жени на

возраст од 55 до 75 години. Една група консумирала 50 грама сливи дневно (околу пет до шест

сливи). Втората група добила инструкции да јаде двојно поголема количина, додека третата група

воопшто не ги консумирала. Сите учеснички дале крв на почетокот и на крајот на студијата за

истражувачите да ги анализираат нивоата на провоспалителни цитокини кои сигнализираат

воспаление во телото.

„Хроничното воспаление е основа на бројни хронични болести, меѓу кои и остеопороза“, изјавила

за Health авторката на студијата, д-р Кони Џеј Роџерс.

Тимот на истражувачи открил дека, во споредба со оние жени кои не консумирале сливи, оние

меѓу нив кои јаделе 50 или 100 грама дневно имале намалени нивоа на провоспалителни

цитокини по една година.

Витаминот К во сувите сливи помага во транспортот на калциумот до коските. Калиумот и

магнезиумот помагаат во густината на коските, боронот помага да се спречи губењето на

калциумот и деминерализацијата на коските, а растителните хранливи материи помагаат да се

спречи оксидативното оштетување на коскените клетки, објаснила таа.

Други здравствени придобивки од консумирањето сливи

Покрај гореспоменатиот природен лек за запек, некои студии покажале дека јадењето повеќе

сливи може да го подобри здравјето на срцето. Студијата презентирана на годишниот состанок на

Американското здружение за диететика го поврзува долгорочното консумирање сливи кај мажи со

подобар HDL и вкупен холестерол, како и понизок оксидативен стрес и намалени нивоа на

воспалителниот биомаркер Ц-реактивен протеин.

Како да го вклучите ова сушено овошје во вашата исхрана?

Изблендирајте ги сливите и употребете ги како замена за маснотии и шеќер во печените работи.

Користете сливи во салати и разни маринади.

Додадете парчиња сливи во јадења со зеленчук

Користете ги во утринските овесни снегулки, јогурт, житарки или смути

Измешајте ги со јаткасти плодови, семки и темно чоколадо како мешавина од енергетски бомбици

Доколку сте загрижени за дигестивниот ефект на сувите сливи, започнете постепено со

конзумирање. Пробајте со по две сливи дневно, а подоцна зголемете го нивниот број.