Само пет ореви на ден, а еден куп придобивки: Зошто е добро секојдневно да јадете една шака ореви?

Фото: Pexels
458

Од сите јаткасти плодови, оревите се единствени по нивната висока содржина на полинезаситени масни киселини, а само 5 ореви секој ден имаат мноштво здравствени придобивки за двата пола, особено за мажите.

Исто како што се препорачува секој ден да се јаде по едно јаболко, се препорачува и по еден грст ореви дневно. Оревите имаат многу здравствени придобивки, поради што често се препорачуваат како дел од урамнотежената исхрана. Сѐ поголем број на студии покажуваат дека оревите имаат бројни здравствени придобивки – од здравјето на срцето до доброто функционирање на цревата. Затоа оревот е на списокот на намирници во насоките на Dietary Guidelines for Americans 2020-2025, како дел од исхраната и на возрасните и на децата.

Вклучете грст ореви дневно во вашата исхрана
Поради високата содржина на антиоксиданти, оревите се препорачуваат како храна за одржување на здравјето на срцето. Меѓу сите јаткасти плодови, оревите се единствени по нивната висока содржина на полинезаситени масни киселини АЛА и линолеинска киселина. Повеќето јаткасти плодови се богати со мононезаситени масни киселини. Секојдневното консумирање ореви го намалува крвниот притисок и нивото на вкупниот холестерол, триглицеридите, липопротеинот со мала густина (ЛДЛ) и аполипопротеинот Б во крвта, заштитувајќи го нашето срце. Покрај тоа, бројни студии ги истакнуваат придобивките од оревите за здравјето на цревата, меморијата, доброто расположение, избалансиран шеќер во крвта, намалувањето на холестеролот, придобивките за репродуктивното здравје…

Оревите се познати како храна која го намалува нивото на холестерол бидејќи ги намалува липопротеините со ниска густина LDL или „лошиот холестерол“ и го зголемува нивото на протеини, влакна, витамини и минерали. Овие јаткасти плодови обезбедуваат неколку антиоксиданти и антиинфламаторни соединенија кои го забавуваат стареењето и дегенеративните промени.
Освен со протеини, калории и здрави масти, оревите се богати и со аргинин.

Оваа аминокиселина му овозможува на телото да произведува азотен оксид, молекула која ги релаксира стеснетите крвни садови и го подобрува протокот на крв. Јаткастите плодови се исто така добар извор на витамин Е, фолати, влакна и други вредни хранливи материи. Експертите предупредуваат дека сите јаткасти плодови имаат различна мешавина од овие хранливи материи, па можеби е најдобро да вклучите различни јаткасти плодови во вашата исхрана.

Какви придобивки можеме да очекуваме од 5 ореви дневно?
Познато е дека оревите, бадемите, кикиритките, ф’стаците и индиските ореви се богати со незаситени масни киселини, витамини и протеини. Оревите се моќни антиоксиданти и како такви се борат против оштетувањето на клетките предизвикани од разни болести. Ако јадеме една шака ореви дневно, на организмот му обезбедуваме бројни здравствени придобивки, а експертите велат дека за тоа се доволни само 5 ореви дневно.

Ако јадеме една шака ореви секој ден, ќе внесеме 185 калории, а од таа количина на овие јаткасти плодови можеме да очекуваме:

намалување на обемот на половината
спречување на развој на срцеви заболувања
намалување на вредностите на холестеролот
покачен број на сперматозоиди
намален ризик од дијабетес – ако имате дијабетес или преддијабетес, доволно влакна во храната каква што се оревите го спречуваат скокот на шеќерот во крвта после оброк
спречување на рак – оревите имаат највисока содржина на фенол меѓу јаткастите плодови и тоа им дава одлична антиоксидантна активност, заштитувајќи ги клетките и органите од оштетување од слободните радикали
помал ризик од рак на дебелото црево – оревите содржат растителни влакна кои се добри за здравјето на дигестивниот систем и го спречуваат ракот на дебелото црево, го намалуваат ризикот од срцеви заболувања преку спречување на апсорпцијата на масти и холестерол
нега на коса, кожа и нокти.

Истражувањата докажуваат зошто е добро да јадете по една рака ореви секој ден
Со оглед на тоа што оревите го намалуваат нивото на ЛДЛ или лошиот холестерол, тоа значи дека оваа намирница го чува здравјето на срцето и ја подобрува неговата општа состојба. Оревите се особено вредни поради нивната висока концентрација на полинезаситени масни киселини. Тие се подобри од мононезаситените масни киселини во заштитата на нашето срце со намалување на концентрацијата на липиди во серумот. Бидејќи се богати со витамин Е, консумирањето ореви може да придонесе за одржување на здравјето на кожата, косата и ноктите.

Истражувањето спроведено на Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес покажува дека две шаки ореви дневно го подобруваат квалитетот на спермата во смисла на виталност, подвижност и морфологија. Оревите се познати и како стабилизатори на стресот, бидејќи се богати со омега-3 масни киселини, па органите почнуваат да функционираат подобро и го спречуваат затнувањето на артериите.
Интересно е што само четири часа по јадењето на 5 ореви, човечкото тело почнува да чувствува големи промени. Во текот на тие четири часа, оревите го збогатуваат организмот со хранливи материи и витамини, кои се одлучувачки за одржување на телото сито, барем до следниот оброк. Ако се консумира во умерени количини, по препорака 5 ореви дневно, нема да предизвика зголемување на телесната тежина, туку ќе ја регулира.