Се сеќавате ли дека порано ручекот не се почнуваше без супа?

170

Докажано е дека пилешката супа помага при настинки и затнат нос, супата од домати е народен лек за мамурлак, а од неодамна на консумирањето на супа му се припишуваат и некои нови прехранбени адути. Го памтите ли времето кога ручекот не се почнуваше без чинија топла супа?

Подготовката на супа може да се класифицира како една од најстарите кулинарски вештини на човекот, која датира од периодот кога човекот го запознал котлето. Низ целиот свет, во различни цивилизации и култури, супата отсекогаш била високо ценета поради своите закрепнувачки „моќи“. Денес, покрај добро вкоренетото традиционално верување, постојат и научни потврди за здравствените придобивки од консумирањето супа.

Сигурно се сеќавате дека порано, кога семејствата седнуваа на ручек во 3, на масата задолжително се чадеше длабока чинија полна со супа. Чинија топла супа беше задолжително предјадење, а ако се случеше некој од нас потоа да каже дека не е веќе гладен, родителите обично велеа: „нема врска, важно ја изеде супата“!

Супата отсекогаш била синоним за храна која не утешува, зајакнува, лекува и често не потсетува на домашната атмосфера и времето кое го поминуваме со семејството. Докажано е дека пилешката супа помага при настинки и затнат нос, супата од домати е народен лек за мамурлак, а од неодамна на консумирањето на супа му се припишуваат и некои нови прехранбени адути. Имено, се покажало дека супата може да биде одличен сојузник во губењето на вишокот килограми и одржување на витката линија.

Затоа, ако имате уште некој припадник на постарата генерација, на онаа која ни ги правеше тие супи што се чадеа на трпезите и од кои цела куќа убаво мирисаше, знајте дека повеќе ќе го израдувате ако за роденден наместо торта, му направите едно котле полно со супа од разни зеленчуци и телешко месо. Како оваа на фотографиите која нашите читатели ја направиле во чест на 88-миот роденден на својата мајка и баба, Марија.

Истражувања за значењето на супите

Истражувањата покажаа дека супата како предјадење може да го намали вкупниот внес на калории со главниот оброк. Во едно истражување, научниците им дале на мажите и на жените 15 минути откако изеле една и пол до две чинии супа, тестенини кои можеле да ги јадат колку што сакаат. Во друга прилика на испитаниците им давале тестенини, но без супа како предјадење. Резултатите покажале дека испитаниците консумирале 20% помалку калории кога јаделе супа пред главниот оброк.

Исто така, експертите од Британската фондација за исхрана објавија дека конзумирањето храна со висока содржина на вода може да биде клучно за намалување на телесната тежина. Имено, јадењата со висока содржина на вода, вклучително тестенините и оризот, кои лесно впиваат течност, како и супите и зеленчукот овозможуваат подолго да се задржи чувството на ситост. Сепак, нивното истражување покажа дека овој ефект не може да се постигне едноставно со пиење чаша вода со оброк – течноста мора да биде составен дел од консумираната храна.

Значи, познато е дека започнувањето на оброкот со супа ја зголемува ситоста и го намалува внесот на енергија. Но, дали тоа важи за која било супа? Студија објавена во списанието Appetite била спроведена со цел да се добие одговор токму на тоа прашање. Група од 60 мажи и жени 5 недели добивале бесплатен ручек кој започнувал со супа. Супите биле различни: бистри, со парчиња зеленчук или крем супа од зеленчук. Се покажало дека секоја супа го намалува внесот на енергија за 20% за време на следните оброци.

Освен поволното дејство на телесната маса, супата е докажан сојузник и во борбата против вирусите и настинките. Имено, се верува дека топлината помага во исфрлање на секретот од белите дробови и синусите, додека течноста спречува дехидрација. Овие изјави се докажани со неодамна спроведено истражување на британски научници. Британците на триесетина настинати доброволциим давале топол пијалак, односно пијалак на собна температура и докажале дека топлиот пијалок е ефикасен.

Нутритивни вредности на супата
Составот на супата зависи од суровината од која е направена. Сите видови супи имаат заедничко висока содржина на вода, додека месните супи содржат повеќе протеини и минерали како што се цинк, калциум, железо и електролити, а супите од зеленчук се богати со влакна, витамини и фитохемикалии. Фитохемикалиите обично ја одредуваат бојата на таквата супа, па затоа супата од домати е црвена поради содржината на моќниот антиоксидант ликопен, супата од тиква е портокалова поради бета каротенот, а супата од брокула е зелена поради растителниот пигмент хлорофил. Затоа, јасно е дека вредните молекули од зеленчукот и месото остануваат во супата за време на подготовката.

Нутритивниот состав на супата го прави ова јадење незаменлив дел од редукциските диети, терапиите за детоксикација, но и дневен оживувачки оброк за сите генерации. Големата предност на супата е што, како независен оброк, истовремено му ја обезбедува на телото потребната течност и исхрана, во форма во која телото може најлесно да ги апсорбира, а со тоа и најлесно да ги користи за целите на зачувување на здравјето.