Шолја кафе во едно австралиско кафуле чини 920 евра

Фото: Unsplash
153

Оној што сака да ужива во шолја кафе за неверојатни 920 евра во Brew Lab Cafe, во Пенрит, Австралија, треба да го нарача две недели претходно. Имено, …

За многумина, шолја добро кафе е омилен ритуал на денот, но тешко е да се каже дека е задоволство за кое треба да потрошите 920 евра.

Brew Lab Cafe, во Пенрит, Австралија продава некои од најдобрите кафиња, вклучително и едно посебно, направено од зрна одгледувани на 1.700 метри надморска височина покрај вулкан во Панама.

Сепак, клиентите мора внимателно да го испланираат своето уживање во кафето бидејќи кафулето го нарачува само откако клиентот ќе го побара тоа, за да се обезбеди свежина. Тоа значи дека се потребни околу две недели за да пристигне.

„Потоа стапуваме во контакт со момците во Панама, тие го печат кафето само за таа прилика и потоа го испраќаат со приватен авион“, објаснил сопственикот на Brew Lab, Мич Џонсон, за австралискиот 9News.

Отменото патување на специјалното кафе без сомнеж додава на неговата вредност од 1.500 австралиски долари или 920 евра. Зрната од ова кафе се со врвен квалитет и се оценети над 90, што е ознака што го одредува почетокот на прагот од ранг-листата на најдобрите зрна.

Штом ќе пристигнат зрната, тие се подложени на прецизен процес на подготовка во Brew Lab, кој вклучува претходно навлажнет филтер и вода зовриена на точно 94 степени Целзиусови. Кафето поминува низ неколку постапки на прелевање, секој совршено темпиран за да се обезбеди совршен вкус.

Дали вреди толку пари? Можеби и е ако сакате да пиете чај. Да, добро прочитавте.

„Повеќето луѓе, кога го пијат ова кафе, велат дека првиот впечаток им е дека тоа повеќе личи на чај отколку на кафе“, објаснил сопственикот, додавајќи дека вкусот е толку добар што носи солзи радосници.

Но, во ова кафуле има и поевтини кафиња, сепак многу поскапи од просечните. „Многу клиенти доаѓаат кај нас еднаш неделно за да ги пробаат нашите кафиња од 100 или 200 австралиски долари (околу 60 и 120 евра)“, открива сопственикот.