Што е всушност популарниот каенски пипер? Дилемите околу црвениот лут зачин се должат на погрешен превод

Фото: Pexels
793

Каенскиот пипер во Хрватска е познат како „Кајенски папар“, што е всушност и причина за дилемите кои ги имаат некои од луѓето чиј мајчин јазик е хрватскиот. Имено, не е баш јасно зошто познатиот лут зачин направен од чили пиперчиња го добил името „кајенски папар“

Каенскиот пипер е зачин кој често ќе го сретнете во рецептите и на полиците на продавниците, а се препорачува дури и како прва помош во случај на инфаркт, како и за некои други здравствени проблеми.

Меѓутоа, ако го побарате на полиците на маркетите во Хрватска, нема да го најдете, односно, ќе најдете нешто што во хрватскиот јазик е всушност збор за разни видови на пипер (хрватски/папар; турски/бибер), а не за пиперка или пиперче.

Можеби и затоа кај дел од луѓето тука постои дилемата зошто нешто што знаеме дека е всушност темноцрвен прав направен од суви чили пиперки, од сортата наречена кајен, се вика „папар“.

Заблудата доаѓа оттука што англискиот збор pepper некој одамна погрешно го превел, па името на овој зачин останало „кајенски папар“. Би било точно да се каже кајенска пиперка или cayenne.

Зошто каенските пиперки се толку популарни?
Тие се една од сортите чили пиперки кои спаѓаат во благ до умерено лут опсег. Во сродство се со слатката рог пиперка, а изгледаат слично поради бојата и зашилените врвови, но се потенки. Зрелите плодови се со јака црвена боја, тенки и долгнавести, а можат да пораснат од 10 до 25 сантиметри. Најчесто се користат сушени и мелени во ситен прав. Покрај пикантноста, има и пријатен мирис. Исто така, може да се користат и свежи, во салати или сендвичи.

Како да користите (и дозирате) мелени чили пиперки?
Сувите чили пиперки имаат две функции во јадењата – им даваат арома и пикантност. Доколку навистина сакате зачинета храна и добро ја поднесувате, слободно употребете го кајенскиот пипер во кое било јадење. Чили пипер во прав може да се користи како дел од суви маринади или директно да се додаде во варени јадења и сосови за кои сакате да имаат хомогена структура. Дозирањето е, се разбира, по желба, но доброто кај мелените суви пиперки е што потоа можете да додадете уште, па можете да започнете со помала количина на почетокот, а доколку е потребно да ја зголемите количината ако не сте задоволни со степенот на пикантност и интензитетот на аромата. Со сувите пиперки кои се во парчиња е малку потешко, бидејќи тие со подолго варење испуштаат се повеќе пикантност во јадењето, па малку е потешко да се предвиди пикантноста на готовиот оброк.