Како да го запрете тешкото крварење со помош на каенски пипер – во рок од 10 секунди

Фото: Pexels
511

Каенскиот пипер можете да го нанесете директно на рана или исеченица, а секако можете да го консумирате и со вода. Овој лековит зачин може да се користи и при крварење од носот, дури и кај деца (не ги иритира ноздрите).


Добивте длабока расекотина и не знаете како да си помогнете додека да отидете на лекар?

Посилното крварење обично се запира со методот на притисок – раната се притиска со помош на завој од газа, шамиче или крпа.

Но, понекогаш притисокот само го намалува протокот на крв. За среќа, постои одлична кујнска состојка за целосно запирање на крварењето.

Станува збор за каенски пипер (лат. Capsicum frutescens), зачин кој се добива со мелење каенски или чили пипер и е исклучително ценет поради неговите лековити својства.

Меѓудругото, познато е дека каенскиот пипер ги штити срцето и крвните садови, има силни антивоспалителни својства и ја ублажува болката. Неговата активна состојка е капсаицинот.

Одлична идеја е да имате каенски пипер не само во кујната како незаменлив зачин за вашите јадења, туку и во домашната аптека, бидејќи е природен лек.

Овој зачин се здоби со посебна слава и како одлична помош во случај на срцев удар – може да го спречи за 30 секунди!

Друга од неговите извонредни својства е моќта да го запре брзо крварењето.

Имено, ако ставите малку каенски пипер на исеченица или дури и на отворена рана, крвта ќе престане да тече во рок од една минута, обично во рок од десет секунди.

Како функционира каенскиот пипер?

Се прашувате како каенскиот пипер може да го запре крварењето од рана?

Имено, делува на тој начин што го изедначува крвниот притисок, па крвта нема да шика од исеченицата и раната. Изедначувањето на притисокот ќе предизвика згрутчување на крвта на местото на раната.

Каенскиот пипер можете да го нанесете директно на рана или исеченица, а секако можете да го консумирате и со вода.

Нанесување каенски пипер на рана што крвари

Ако вие или некој од вашето домаќинство сте се исечеле или сте добиле рана од која крвта тече уште посилно, што често е случај со луѓето кои пијат лекови за разредување на крвта, посипете ја раната со кајен пипер (ако е потребно, исчистете ја претходно од можни нечистотии).

Откако ќе престане крварењето, исплакнете ја раната со ладна вода, а потоа третирајте ја како и секоја друга рана. Ако е нешто посериозно, посетете лекар.

Крварење од носот

Овој лековит зачин може да се користи и при крварење од носот, дури и кај деца (не ги иритира ноздрите).

Во овој случај, малку навлажнете памучно стапче за уши, ставете го неговиот врв во мелен каенски пипер и нанесете малку внатре во секоја ноздра.

После тоа, можете исто така нежно да ги притиснете двете ноздри. Крварењето брзо ќе престане.

Конзумирање на каенски пипер за помош при крварење

Д-р Џон Кристофер, автор на книгата „Школа за природно исцелување“ открива како да се консумира каенскиот пипер во случај на крварење:

„Додадете една лажичка каенски пипер во многу топла вода и испијте ја. Во рок од 10 секунди крварењето ќе престане. Без разлика дали крварењето е внатрешно или надворешно, консумирањето на една лажичка каенски пипер со чаша многу топла вода брзо ќе го запре крварењето“.

Покрај тоа што го запира протокот на крв, благодарение на неговите антибактериски својства, овој зачин ќе ја спречи и појавата на инфекција на самата рана.

Во исто време, каенскиот пипер ја стимулира циркулацијата, одличен е за варење и ги спречува стомачните болки, како и грчевите и дијареата.