Сиров ролат со кекси и кокос, без вишок маснотии и шеќер

Фото: Инстаграм
3.962

Без палење рерна, без вишок калории и масти. Едноставно, вкусно и одлично за заблажување

Здрав ролат од кокос без печење, со минимална количина дополнителен засладувач и без путер и непотребни масти, е идеален за секојдневно засладување.

Главната состојка на овој ролат е кокосот. Треба добро да се измеша со мед за да се добие кремаста смеса, односно кокосов путер.

Состојки:

170 гр Грахам крекери (може да бидат и од хељда)
1-2 лажици мед
2-3 лажици вода
1 лажица какао во прав
1 лажица мелено кафе
Грубо рендан кокос

За филот:

100 грама кокос
1 лажица мед

Приготвување:

Смелете ги кексите и измешајте ги со мед, какао, мелено кафе и две лажици вода.
Тестото замесете го со рака, а ако е премногу густо додадете уште една лажица вода.
Подгответе го филот од кокос такашто ќе ги блендирате кокосот и медот 10 до 15 минути со паузи додека не добиете путер. Колку подолго мешате, толку покремаста ќе биде смесата. Додадете малку вода ако филот не се згусне со мешањето.
Помеѓу два листа хартија за печење развлечете го тестото во правоаголник со дебелина од околу 3 мм и врз него рамномерно распоредете го филот од кокос.
Тестото внимателно заролајте го (хартијата за печење ќе помогне) и оставете го во фрижидер најмалку 8 часа.
Исечете го ролатот и посипете го со крупно изрендан кокос. Од оваа количина на состојки можете да добиете 15 парчиња.