Слатко од шишарки?! Ах тој Рене Реџепи (ВИДЕО)

Фото: Фејсбук
217

Кога Рене Реџепи ги објави овие вкусни задоволства, светот полуде по нив…И не само во слатка верзија, тој прави и ферментирани мали шишарки. Ние ќе се задржиме на слатките

Слатко од борови шишарки било на менито на еден од најдобрите ресторани во светот, „Нома“ на славниот Рене Реџепи со кои се гордееме сите ние затоа што потекнува и пораснал во нашите краишта. Поточно, роден е во Копенхаген, но потекнува од тетовското село Џепчиште. Неговиот татко е македонски Албанец од тетовско, а неговата мајка е од Данска. Добар дел од неговото детство, Рене го поминал во Џепчиште. Неговото петчлено семејство живеело во мал стан во Копенхаген, со ниски приходи, па по извесно време родителите одлучиле да се преселат во Македонија. Детството поминато во тетовското село е нешто за што тој често зборува во своите интервјуа. Неговото семејство останало да живее во Македонија до балканските војни, кога одлучиле повторно да се вратат во Копенхаген. Сѐ потоа е веќе позната приказна за неговиот ресторан како еден од најдобрите во светот и за него како еден од највлијателните луѓе во светот.

Неговите необични рецепти во кои тој постојано користи сѐ што може во одреден период од годината да се најде во природата, се секогаш инспирација за сите.

Еден од нив се и зашеќерените шишарки кои биле дел од менито на Нома. Рене Реџепи на својот Инстаграм профил покажува како избира млади шишарки од бор и објаснува дека тие се динстаат во шеќер речиси два часа. … Ова ги прави меки како карамели, со најневеројатниот вкус на шумата.

Ова слатко, велат, освен прекрасен вкус, има и некои здравствени придобивки. Се вели дека шишарките се корисни за неколку здравствени проблеми: респираторни заболувања, кашлица, бронхитис, грип и слуз.

Ние го најдовме видеото од подготовка на овој џем, инспириран од Реџепи, на Јутјуб каналот на The London Chef.

Ви требаат:

200 гр зелени шишарки
800 мл вода
300 гр шеќер