Град во Германија забрани правење скара на повеќе од еден месец

Фото: Pexels
273

Како што соопштиле од градот Битгхајм-Бисинген во германската сојузна покраина Баден-Виртемберг, забраната за скара и палење оган на сите јавни површини стапува на сила од 21 јули.

Градот Битгхајм-Бисинген во областа Лудвигсбург во германската сојузна покраина Баден-Виртемберг го забрани правењето скара за период подолг од еден месец. Како што соопштиле од Градот, од 21 јули ќе важи забраната за скара и палење оган на сите јавни површини.

„Поради сушата жителите нема да смеат да користат скара на јавни површини до крајот на август. Забрането е правење скара на сите јавни површини, како и палење оган на целата јавна површина. Ве молиме почитувајте ги одредбите на градот Битгејм-Бисинген, кои стапуваат на сила утре! Прекршувањата на овие одредби се незаконски и подлежат на парични казни“, се наведува во известувањето од Градот.

Важно е да се констатира дека ваквата одлука не е чудна со оглед на тоа што подолг временски период во Германија владее суша, а температурите надминуваат 30 степени Целзиусови. Градските власти во многу делови на Германија поради тоа забранија палење оган на отворено, пишува „Феникс“. Поради сушата, многу области одлучија да ја ограничат употребата на вода.