Спротивно на тоа, научниците откриле дека путерот од кикиритки може да го зголеми животниот век за 33 минути. Лососот, исто така, доби зелено светло за неговата хранлива вредност и е оценето дека го зголемува животниот век за 16 минути.
Додека лекарите постојано ја нагласуваат важноста на исхраната во превенцијата на болестите, а бројните студии јасно покажуваат дека исфрлањето на одредени намирници од менито, како и зголемувањето на внесот на други, значително го подобрува здравјето, многу луѓе не се откажуваат од оваа намирница.
Големото истражување за штетноста на храната открило дека еден производ кој спаѓа во месните преработки, во значителна мера го скратува животот. Станува збор за виршлите кои ги сакаат и најмладите. Како што откриле научниците, секоја изедена виршла го скратува животот на поединецот за повеќе од половина час. Поконкретно, новиот индекс кој го проценува нутритивното влијание на речиси 6.000 намирници покажал дека секоја виршла што ќе ја изеде еден човек може да го скрати неговиот животен век за точно 36 минути.
Експертите од Универзитетот во Мичиген објасниле како функционира овој индекс: Ги зема предвид сите аспекти од животниот циклус на храната, вклучувајќи го и начинот на кој таа е произведена, преработена, консумирана и складирана, како и колку е хранлив производот. Гледајќи ги факторите на ризик како што се натриумот и транс мастите кај виршлите и споредувајќи ги со придобивките како што се полинезаситените масти и влакна, доаѓаме до крајната линија од 36 минути живот што секоја виршла му ги одзема на поединец.
Спротивно на тоа, научниците откриле дека путерот од кикиритки може да го зголеми животниот век за 33 минути. Лососот, исто така, доби зелено светло за неговата хранлива вредност и е оценето дека го зголемува животниот век за 16 минути.
Како што е наведено во бројни студии, преработеното месо често се состои од непознати и тешко препознатливи состојки, вклучувајќи хемикалии, бои, засладувачи и конзерванси.
Според Светската здравствена организација, водечки причини за смрт на глобално ниво се три состојби кои можат да се спречат. Тоа се срцеви заболувања, деменција и рак.