Советите на баба не се измислици, медицината потврдила некои од нив: Мед против кашлица, пилешка супа против настинка…

Фото: Unsplash
356

Иако овие совети не се секогаш научно докажани, многу луѓе сè уште ги следат како едноставни, безбедни и ефикасни начини за подобрување на нивниот живот и здравје. Домашна супа против настинка, мед против кашлица, шеќер против икање… сето тоа се инструкции кои сме ги слушале одново и одново. Некои од нив се потврдени од науката.

„Бабини совети“ се традиционални совети и мудрости што се пренесуваат од колено на колено во многу култури. Тие обично се однесуваат на практични совети и трикови за домаќинство, подготовка на храна, здравје, убавина и други аспекти од секојдневниот живот.

Овие совети често се засноваат на долгогодишно искуство и знаење што бабите и постарите жени ги стекнале во текот на нивниот живот. Често се едноставни, практични и евтини, а многу од нив се многу корисни и денес.

Примери за совети од баба може да вклучуваат користење на природни состојки за чистење, како што се оцет и сода бикарбона, употреба на билки и хербални препарати за лекување на мали здравствени проблеми, како што се настинки и главоболки и користење природни производи за нега на кожа и коса.

Иако овие совети не се секогаш научно докажани, многу луѓе сè уште ги следат како едноставни, безбедни и ефикасни начини за подобрување на нивниот живот.

Но, постојат и бабини совети за живот и здравје.

Домашна супа против настинка, мед против кашлица, шеќер против икање… сето тоа се инструкции кои сме ги слушале одново и одново. Некои од нив се потврдени од науката.

Домашна супа против настинка

Домашните супи, особено пилешките, се вистински хит во сезоната на настинки и грип, што не е чудно бидејќи ова топло, лесно и вкусно јадење дава сила, а може да се јаде и со болно грло. Но, науката покажа дека придобивките од пилешката супа се многу поголеми отколку што мислиме.

Имено, супата го стимулира создавањето на антиинфламаторен механизам кој ги олеснува симптомите на воспаление на горниот респираторен тракт. Освен тоа, го помага лачењето на слуз, што го олеснува кашлањето и кивањето.

Мед за кашлица

Корисните ефекти на овој вреден пчелен производ се нашироко познати.

Во едно истражување, научниците и лекарите собрале повеќе од стотина болни деца на возраст од две до 18 години и ги поделиле во три групи. Првата група примала типични лекови против кашлица чија главна состојка е декстрометорфан, втората група мед, а третата не примала лек.

Медот покажал најдобри резултати. Научниците веруваат дека лепливоста и вискозноста на медот помагаат во ублажување на кашлицата, а природните антиоксиданти го поттикнуваат процесот на заздравување.

Лажица шеќер против икање

Секој има свој лек за икање – задржување на здивот, пиење вода итн. – но не функционираат сите совети секој пат. Сепак, нешто што многу баби го советуваат се покажало како најефикасно: полна лажичка шеќер.

Истото го докажал и д-р Едгар Енгелман, кој успеал да го спречи икањето во 19 од 20 случаи со лажичка шеќер.

Кората на лебот е неговиот најхранлив дел

Изгледа дека децата имаат вродена аверзија кон кората леб, а мајките и бабите не сакаат да ја фрлаат истата кора, па на децата им велат дека кората е најхранливиот дел од лебот.

Германскиот научник Томас Хофман направил студија во која го анализирал хемискиот состав на кората и остатокот од лебот и на тој начин го потврдил она што нашите мајки ни го кажуваат цел живот. За време на печењето на лебот се јавува Мејлардова реакција при што се создаваат антиоксиданти.

Не излегувај на ладно, ќе настинеш!

Иако е општо познато дека настинка предизвикуваат вирусите, а не само студот, родителите често ги предупредуваат децата да не излегуваат на ладно за да не настинат. Сепак, се чини дека и таму има одредена вистина.

Научниците од Универзитетот во Кардиф (Велс, Велика Британија) одлучиле да докажат дека студот сепак може да предизвика настинка. Тие собрале 180 доброволци и убедиле половина од нив да ги потопат нозете во ладна вода 20 минути. Во текот на следната недела, дури 33% од оние кои биле во вода развиле симптоми на настинка, наспроти само 9% од оние кои не ги потопиле нозете во студената вода.

Секако, имунитетот паднал бидејќи морале да се борат со студот, па вирусот имал поголем успех во својот поход.