Совршен и здрав десерт, погоден дури и кога сте на диета (ВИДЕО)

Фото: Freepik
1.238

Кога сакате да ослабнете, а срцето ви плаче за благо, направете го овој здрав и вкусен десерт без шеќер и брашно

Една од најлошите работи кога сте на диета е целосното исфрлање на слатките. Наместо тоа, треба да јадете овошје, здрави масти и протеини, ама вам ви се јаде колаче. Еве како да направите здрави диетални колачи со дозволени состојки.

Да, знаеме дека звучи како научна фантастика, но со овој рецепт ќе можете да уживате во слатките и во исто време да слабеете. Овие мафини (кои можете да ги направите и во еден калап, како колач) има совршена комбинација на сладок и кисел вкус, поради малините што ги додавате. Наместо малини, можете да додадете боровинки, вишни, јагоди или кое било овошје што ќе ви дојде при рака.

Диетални колачи
Состојки:

2 презрели банани
4 јајца
малини, боровинки, јагоди или кое било друго овошје по ваш избор

Приготвување:

Изгмечете ги бананите со вилушка, а јајцата изматете ги и измешајте ги со бананите. Тоа е целото тесто! Подмачкајте ги малку калапите за мафини, па ставете внатре по неколку малини или боровинки. Потоа прелијте го тестото и печете на 190 степени околу 12 минути. Уживајте!