Спас за стас! Овој напиток ги исфрла мастите од телото, отровите од цревата, ги чува младоста и витката линија

Фото: Freepik
1.403

Лимонот и чиа семето со кои се прави овој пијалак се природни антиоксиданти кои ќе ви помогнат да го исчистите телото од токсини и да ги отстраните складираните маснотии од телото.

Овој пијалак е полн со антиоксиданти и помага при слабеење. Започнете го секое утро со овој напиток и ќе видите како се менува вашето тело!

Состојки:

1 мала лажичка чиа семе (5 г)
една и пол чаша вода (300 мл)
1 лимон;

1 лажица мед.

Приготвување:

Во 100 мл вода ставете чиа семе и оставете го да отстои еден час. Потоа исцедете го сокот од лимон и измешајте го со чиа семето.

Додадете ги преостанатата вода и медот.

Овој хранлив напиток пијте го секое утро пред појадок.

Како овој напиток му помага на телото

Овој пијалак е полн со антиоксиданти и помага при слабеење.

Чиа семето содржи 5 пати повеќе калциум од млекото;

Има повеќе антиоксиданти од боровинките;

Има 3 пати повеќе железо од спанаќот;

Содржи многу повеќе влакна од овесните снегулки;

Содржи голема количина на протеини, па затоа е омилено семе на вегетаријанците.

Придобивките од овој пијалак:

  1. Предизвикува ситост и помага во регулирање на апетитот
  2. Помага да го храниме нашето тело со витамини и минерали
  3. Спречува рано стареење
  4. Го подобрува варењето
  5. Помага во борбата против вишокот килограми

И лимонот и чиа семето се природни антиоксиданти кои ќе ви помогнат да го исчистите телото од токсини и да ги отстраните складираните маснотии од телото.

Овој напиток е добар диуретик и се бори со запекот.

Водата со чиа семе создава гел кој го исполнува желудникот, а потоа го стимулира варењето и го чисти целото тело.