Можеби ваков тип на ресторани и поминува во светот, ама нам ни се преку глава

Фото: Инстаграм/@karensdinerofficial
150

Велат дека е ова ресторан со најнепријателски персонал: келнерите пцујат, им покажуваат среден прст на гостите, а ним им е залудно да ги бараат газдата или шефот… Не знам зошто некој би сакал да оди во ваков ресторан, ние се изнаодевме во минатото, а и сега не ни недостасуваат. Но, како и да е…

„Ова е твојата нарачка и не ми е гајле дали ти се допаѓа храната“.

Таков е концептот на интерактивните ресторани наречени „Karen’s Diner“ отворени на повеќе локации во Англија и Австралија.

Феноменот наречен Карен: Жалете се, приговарајте и бидете лути на целиот свет, никому не му е гајле


Името „Карен“ е инспирирано од интернет сленгот, а се користи како поим за луѓе кои отсекогаш постоеле меѓу нас и предизвикувале згрозување со своето однесување.

Често се сметаат себеси за привилегирани, за подобри од другите и секогаш се жалат на вкусот или количината на храната на масата, а овој ресторан е тука за да ги спушти на земја и да им врати со иста мерка.

Интернетот со мемиња и шеги се бореше против вистинските Карен, а Karen’s Diner реши целиот феномен да го претвори во сосема ново искуство.

Овој ресторан му овозможува на персоналот да го помине работниот ден без лажни насмевки на лицата и да биде дрзок колку што сака.

Исто така, им дава можност на гостите да ја ослободат својата внатрешна Карен.

Жалете се, приговарајте и бидете лути на целиот свет, никому не му е гајле.

Всушност, со вашиот оброк можете да нарачате еден од коктелите наречени „Музиката е премногу гласна“, „Чекам на услуга 10 минути“ или „Штотуку изгубивте клиент“.

Можете да пцуете, но залудно ќе го барате шефот

Секако, грубоста е дел од забавата во Karen’s Diner. Но, што ако дојдете со некој кој не е запознаен со концептот?

Смеата е загарантирана, под услов секој да знае да се пошегува на своја сметка.

Интернетот е полн со видеа од збунети родители, роднини и пријатели кои едноставно не разбираат зошто сите се толку груби, па дури и грубо ги коментираат нивните нарачки.

„Сакате веганска плескавица? Можеби повеќе би сакале да ја пасете тревата?“ се само дел од коментарите.

Често се случуваат ситуации кога персоналот фаќа мегафон и ги критикува гостите кои ја фотографираат нивната храна и ја објавуваат на Инстаграм.

Без разлика дали барате различен вид на забава или едноставно сакате да се ослободите од насобрани фрустрации, ова е место за вас.

Дури и пцовките се добредојдени, поради што се препорачува децата до 14 години да доаѓаат во придружба на родител.

Ако навистина се викате Карен, ќе добиете и бесплатен пијалак.

Ако тоа не е вашето име, секогаш можете да ја проживеете вашата Карен-фантазија на место што едвај ги чека вашите приговори.

Но не го барајте шефот! Залудно е!

Не можеме а да не се запрашаме како би функционирало ова кај нас?!

Ние сме се изнаоделе на вакви места во минатото, а и сега не ни недостасуваат.

Но, како и да е…