Старбакс во Кина нуди кафе со вкус на свинско

Фото: Инстаграм (@starbucksreserve_shg)
83

Поводот за овој необичен вкус на кафе (кафе со вкус на свинско) е кинеската Нова година, а ќе биде достапен на 25 избрани локации на Starbucks низ Кина, почнувајќи од 26 февруари. Дали сте за голтка?

По повод кинеската лунарна нова година, која неодамна настапи, продавниците на Старбакс (Starbucks) во Кина одлучиле да понудат специјално кафе со уште поспецијален, всушност почуден вкус. Имено, дел од нивната специјална новогодишна понуда е кафето со вкус на свинско месо!

Воопшто не ни звучи привлечно, но да бевме во Кина во моментов, веројатно ќе го пробавме и тоа чудо! Само за да можеме да коментираме…

Кафе со вкус на свинско месо за среќа
Кафето, чиј превод на англиски е Lucky Savory Latte, се состои од свински сос Dongpo, кафе еспресо, топло млеко и млечна пена и со уште малку сос од свинско и парче сланина одозгора.

Иако изгледа одлично, сепак не можеме ни да си ја замислиме споменатата комбинација на вкусови. Цената на ова необично пригодно кафе е 68 јуани или околу 8 евра и 70 центи. Ова кафе ќе биде достапно за купување во одбрани 25 локации на Старбакс низ Кина од 26 февруари до истекот на залихите.
Има и повкусни опции

Покрај ова необично кафе со вкус на свинско месо, Старбакс во Кина одлучил да понуди и други пијалаци во ограничено издание кои ни изгледаат многу повкусно – макијато со бадеми, макијато со оризово млеко и урми, лате со црн сусам. Повеќето сигурно би ги пробале овие 3 пијалаци, но кој од вас би се осмелил да проба кафе со свинско?