Додека словенечките пчелари ја имаат својата крањска пчела, Македонија ја има македонската медоносна пчела (Apis melifera macedonica) која во 1988 година била за првпат детерминирана и именувана како посебен подвид на медоносни пчели од страна на германскиот научник Рутнер. Денеска (20 мај) се одбележува Светскиот ден на пчелата
Пред две години пчеларската традиција на Словенија беше додадена на листата на УНЕСКО, со што
пчеларството во Словенија доби заслужено признание како пример за важна културна традиција. И
со право, бидејќи пчеларството со своето недвижно и движно наследство е силно вкоренето во
Словенија, а во модерните времиња тоа се развива и во урбаните средини.
Претходно, поточно во 2018 година, Словенија доби поддршка од Обединетите нации да го
прогласи 20 мај (роденденот на пионерот на модерното словенечко пчеларство Антон Јанша), за
Оттогаш, во организација на амбасадата на Словенија, тој секоја година се одбележува и кај нас.
Годинава, настанот беше организиран под покровителство на Амбасадата на Република Словенија,
АДРА Македонија, Општина Гази Баба и Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ).
Целта е подигнување на свеста за важноста на пчелите како главни опрашувачи во природата од
кои зависи опстанокот на планетата.
Акцентот годинава е ставен на младите и нивното знаење за пчелите и пчелните производи, а
освен амбасадорот на Република Словенија Грегог Прескер, градоначалникот на Општина Гази
Баба, Бобан Стефковски, деканот на ФЗНХ, Миле Маркоски, на денешниот настан имаше и
претставници од партнерските организации во областа на пчеларството и заштитата на животната
средина.
Имено, присутни беа претставници од македонското здружение за заштита на македонската
медоносна пчела „Mac Bee“, кое има за цел заштита, подобрување и промоција на автохтоната
македонска пчела во Македонија, заштита и промоција на традиционалните методи на
одгледување на медоносни пчели и нивните производи, заштита на интересите на своите членови
и подигнување на нивното теоретски и практично знаење во однос на биологијата и одгледувањето
на медоносните пчели.
Додека словенечките пчелари ја имаат својата крањска пчела, Македонија ја има македонската
медоносна пчела (Apis melifera macedonica) која во 1988 година била за првпат детерминирана и
именувана како посебен подвид на медоносни пчели од страна на германскиот научник Рутнер.