Свежо песто од босилек по рецептот на баба Џина

Фото: Јутјуб
582

Ех, па има ли нешто поубаво од босилек, маслиново масло, лук,… да посака човек да се телепортира во кујната на баба Џина

Не е тешко да се направи песто од босилек, но само ако ги имате вистинските состојки. Имено, вистинско маслиново масло, од она за кое ќе знаете дека е правено како што треба, а не подметнато како ладно цедено во некој маркет, босилек од вашите саксии и наместо пармезан од кесичка (како што го правиме ние, вистинско пекорино. Се разбира, убаво би било да се стават и пињоли. Е сега, колку тоа би чинело, дури и ако успеете кај нас да ги најдете сите овие состојки во своето најдобро издание, не би пресметувале.

Ама убаво изгледа дури и ако само си замислите дека сте во кујната на извесна баба Џина…оваа од видеото подолу.

Во меѓувреме, направете песто со тоа што имаме тука. Сепак ќе биде подобра варијанта од она што може да се купи во маркетите.

Ви требаат следниве состојки:

10 шолји свеж босилек
1 шолја екстра девствено маслиново масло
8 чешниња лук
¼ шолја пињоли (ставете си ако не најдете пињоли или пак ви се многу скапи, индиски оревчиња, барем колку за вкус)
¾ шолја рендано пекорино (ставете си ако не 1 кесичка пармезан)
Сол и црн пипер по вкус

Другото е лесно, ама ако не сте сигурни како, погледнете како го прави тоа Италијанката Џина во видеото долу.