Тиквички на сосема поинаков начин: Здрави кекси со само четири состојки

Фото: Pexels
1.982

Летен деликатес без брашно и шеќер, колачи со тиквички и овесни снегулки

Сезоната на тиквички сè уште трае, а со нив и нашата имагинација за подготовка на различни јадења во кои овој сестран зеленчук е вредна состојка.

Тиквичките се полни со витамини, минерали и антиоксиданти, имаат многу влакна, малку калории и многу вода, поради што оправдано се омилена храна во текот на летото.

Меѓутоа, ако сте останале без идеи, еве едноставен и брз рецепт за кој се потребни само четири состојки.

Покрај тоа, рецептот особено ќе ги задоволи оние кои внимаваат на внесот на јаглени хидрати.

Кекси од тиквички и овес

Состојки за 12 крекери:

40 гр ситно рендана тиквичка
130 гр природен сок од јаболко со цимет
30 мл јаворов сируп
89 гр овес
Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 °C. Обложете голем плех со хартија за печење.

Во голема чинија додадете ги тиквичките, сокот од јаболко и јаворов сируп.

Мешајте додека состојките не се изедначат.

Не мора да ги цедите тиквичките откако ќе ги исечкате.

Додадете го овесот и повторно мешајте додека состојките не се изедначат.

Ако сакате да додадете нешто како сечкани ореви или чоколадни парчиња, измешајте ги во овој чекор.

Смесата се вади со лажица, се става на подготвениот плех и се обликува во тркалезна форма.

    Ако тестото е премногу лепливо, потопете една лажица во вода и потоа обликувајте ги колачињата. Нема да се шират многу за време на печењето, па обликувајте ги колачињата како што сакате да биде резултатот.

    Печете ги колачињата околу 20 минути или додека не се готови.

    Оставете ги да се изладат пред да ги извадите.

    Чувајте ги неизедените колачиња во затворен сад во фрижидер или замрзнувач.