Тиквици против парадентоза, рак на цревата, холестерол, за слабеење…

Фото: Pexels
424

Лабораториските истражувања утврдиле дека фитонутриентите во сокот од тиквиците имаат антиканцерогени својства зашто ја спречуваат мутацијата на клетките. Хранливи се и здрави и едни од ретките кои можете во целост да ги искористите.

Ако сте љубители во тиквичките, сигурно сте пресреќни кога ќе се појават на пазарите, а уште повеќе, кога ќе паднат и цените па за ситни пари ќе можете безгранично да уживате во сите оние вкусни и здрави оброци што може да се направат од нив.

Тие се одлични против воспаленија и астма, а нивните семки ја намалуваат опасноста од мултиплекс склероза.

Тиквичките се една од најздравите летни намирници кои можеме да ги приготвиме на сто начини, хранливи се и здрави и едни од ретките кои можете во целост да ги искористите.

Имено, и кората на тиквичките крие во себе бројни хранливи состојки, исто како и нејзиното месо и семките. Во француската и италијанската кујна се консумираат и цветовите од тиквици, за кои гурманите тврдат дека се повкусни од самите тиквички.

Иако во кулинарството се третираат како зеленчук, според ботаниката тие се овошје.

Освен што не се многу калорични, тиквичките поволно влијаат на човечкиот организам. Ја одржуваат витката линија, ја подобруваат концентрацијата, ги смируваат нервите, ги зајакнуваат мускулите и срцето. Влијаат врз исфрлањето вода и штетни материи од телото. Иако имаат помалку вода од краставиците, содржат повеќевитамини и минерали.

Популарни се и поради ниската калорична вредност, а изобилуваат со витамин Ц, калиум, калциум, фосфор и селен. Го подобруваат варењето, а се препорачуваат како совршен додаток со риба и месо.

Малку е познато дека тиквицата може да придонесе за лекување на астмата и дека има силни противвоспалителни својства папомага во спречување на парадентозата, но се користи и во борбата против други воспаленија.

Семките од овој зеленчук помагаат при отстранувањето на капиларите, а ефикасни се и во намалувањето на високиот крвен притисок. Ја намалуваат и опасноста од појава на мултиплекс склероза.

Лабораториските истражувања утврдиле дека фитонутриентите во сокот од тиквиците имаат антиканцерогени својства зашто ја спречуваат мутацијата на клетките. Екстрактите од тиквиците ги редуцираат симптомите на бенигна хипертрофија на простатата, а тоа дејство се засилува во комбинација со друг зеленчук.

Така се покажало дека се добри во превенцијата на рак на цревата, го контролираат шеќерот во крвта и го намалуваат апетитот, а соединенијата во нив го чуваат зравјето на васкуларниот систем и го снижуваат холестеролот. Исто така, поволно дејствуваат на варењето. Ако не можете да ги консумирате сами и во свеж облик, како салата, помешајте ги со сезонски зеленчук како краставиците и нема да забележите битна разлика во вкусот.

Благодарение на антиоксидансите делуваат и противвоспалително, па се одлични за сувата кожа. Затоа можете да ги користите и надворешно, исечени на тркалца и ставени директно на кожата.

Заради високиот процент на манган, тиквиците поволно делуваат на сите функции на организмот. Покрај тиквиците, вистинско откритие можат да бидат и нивните цветови кои се многу деликатни и посебни.